Печатачи за во домот

Canon SELPHY CP910

Компактен и поврзан - едноставно решение за печатење од паметни телефони и дигитални фотоапарати.

Придобивки

  • Извонредно пренослив фото печатач кој е совршен за печатење насекаде

  • Поддршка за Wi-Fi и AirPrint™ за едноставно печатење од паметни телефони и компатибилни фотоапарати

  • Создавајте спомени кои ќе траат, со живописни и долготрајни испечатени материјали со фотолабораториски квалитет

  • Практично печатење на фотографии со сјајна или полусјајна завршна обработка, без менување на фото-хартијата

  • Едноставни и разбирливи инструкции на екранот за полесно печатење, наменети за целото семејство

  • Одлична флексибилност со директно печатење од мемориски картички и USB мемориски уреди

  • Уживајте во безгрижноста со помош на дефинираните трошоци за печатење

  • Големиот LCD екран се закосува за полесно ракување и практично прегледување

  • Обемни функции за фотографии за документи со водич за обликување на кадри со лица и голем број усвоени големини

  • Автоматската оптимизација на слика интелигентно ги коригира сликите за да обезбеди врвни резултати

Детални карактеристики

  • Извонредно компактен и пренослив фото печатач

    Фото печатачот SELPHY CP910 совршено се вклопува насекаде во вашиот дом и е доволно пренослив за да можете да го носите на забави и семејни собири.

  • Подобрено поврзување преку Wi-Fi

    Поддршката за Wi-Fi ви овозможува брзо и едноставно печатење од компатибилни фотоапарати и компјутери без кабел.

  • Погледнете, фотографирајте, испечатете

    Вградената безжична пристапна точка ви овозможува да го поврзете вашиот паметен телефон и да печатите директно од него. За уште подобар пристап, поддршката за AirPrint™ ви нуди печатење од компатибилни уреди од Apple без да инсталирате каков било софтвер.

  • Печатење со фотолабораториски квалитет во домот

    Секој ќе има можност да печати долготрајни фотографии со професионален квалитет за помалку од 1 минута. Технологијата за сублимација на бои обезбедува врвна длабочина и градација на бои без долго чекање.

  • Спомени кои траат

    Специјалниот прекривен слој ги заштитува испечатените материјали од прскање, истурање течности и избледување, а тие можат да траат до 100 години ако се складираат во албум. Можете да нанесете полусјајна завршна обработка за дополнителна заштита од отпечатоци од прсти и да создадете сличен изглед на традиционалните отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет, без потреба да менувате какви било потрошни материјали.

  • Едноставен за користење

    Секој може да печати со практичниот дизајн кој е надополнет со LCD екран од 6,8 cm (2,7”) за лесно прегледување и интуитивни менија со инструкции на екранот за полесна навигација.

  • Без изненадувања

    Имајте потполна контрола врз трошоците за печатење со дефиниран број на печатења кој е впишан на секое пакување со потрошни материјали.

  • Печатете на ваш начин

    За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен со PictBridge, директно со печатачот. Исто така, ќе можете да печатите од широка палета на мемориски картички или од USB флеш уреди, добивајќи поголема флексибилност.

  • ID Photo Print

    Без разлика дали се работи за лична или професионална употреба, функцијата за печатење на фотографии за документи со водич за обликување на кадри со лица ви овозможува да создавате и печатите фотографии за документи во голем број усвоени големини.

  • Широк опсег на големини за печатење

    Печатачот нуди многу начини за споделување на вашите спомени, меѓу кои и големина на поштенска картичка, квадрат или кредитна картичка - сето тоа за неверојатно брзо време.

  • Подобрете ги вашите фотографии

    Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица обезбедува врвни резултати. Таа врши интелигентна корекција на несовршеностите во сликите и истовремено го намалува непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.

  • Печатење во движење

    Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено, со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L (потребен е адаптер за полнач CG-CP200). Едно полнење обезбедува над 36 отпечатени листови со големина на поштенска картичка. Изборниот капак за заштита од прав DPC-CP100 придонесува за квалитетно печатење дури и кога печатите на отворен простор.

Спецификации

  • Безжично печатење за неколку секунди

  • Едноставно печатење од уреди од Apple

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

  • Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување

  • Компатибилност со SD картички

  • Изберете сјајна или полусјајна завршна обработка

  • Практично печатење од USB мемориски уред

  • Напредни опции за големина на фотографии за документи

  • Интелигентна корекција

  • Долготраен квалитет од Canon

  • Печатете во движење

  • Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика

  • Печатење со големина на поштенска картичка

  • Налепници со квадратна големина

  • Налепници со големина на кредитна картичка

  • Печатење на креативни мини налепници

Што содржи кутијата

  • Compact Photo Printer SELPHY CP910

  • Paper Cassette PCP-CP400 (Postcard size)

  • Compact Power Adapter CA-CP200 B

  • AC Cable

  • User Manual Kit