SELPHY ES40 е напреден компактен фото печатач со вградени говорни команди, голем 3,5-инчен LCD екран и креативни режими за печатење, кој ќе ви помогне да создадете долготрајни висококвалитетни печатени материјали.
|
Практичен компактен фото печатач Дизајнот на SELPHY ES40 кој штеди простор е доволно мал што може истиот да се чува на полица или да работите со него на вашето биро. Дури и без компјутер, тој може да печати со лабораториски квалитет директно од фотоапарат или мемориска картичка.
Вградени говорни команди на 7 јазици Олеснувајќи им го печатењето на малите деца и неискусните корисници, вградените говорни команди обезбедуваат помош при печатење и уредување.
3,5” LCD екран со висока резолуција Големиот LCD екран со висока резолуција кај SELPHY ES40 обезбедува јасен и осветлен приказ за прегледување на сликата и ефектите пред печатењето.
Интегрирање на мастилото и медиумите Медиумите и мастилото се интегрирани во практично фото пакување за едноставна замена и префрлување помеѓу различните типови на медиуми - вклучувајќи големина за кредитни и поштенски картички во боја, златни, сребрени и црно-бели.
Тркалце за лесно движење Тркалцето за лесно движење од Canon и вградените копчиња за насока ви овозможуваат едноставно пребарување низ сликите и брз избор на функциите за уредување на слики.
Креативни опции за печатење Копчето за креативно печатење нуди бројни начини за прилагодување на вашите фотографии. Создавајте сопствени календари или печатете со сложување на слики; изберете украсни рамки, или вметнете слики и балони за дијалози во материјалите за печатење. Филтерот за рамномерност на кожата овозможува печатење на прекрасни портрети, подобрувајќи ги тонот на кожата и текстурата за најдобар изглед на снимениот лик.
Автоматска оптимизација на сликата За добивање на најдобар можен квалитет, функцијата за автоматска оптимизација на сликата ги открива лицата во вашата слика и врши корекција на шумот, осветленоста, нијансите на боите и ефектот на црвени очи.
Директно печатење и Bluetooth Меѓу опциите за директно печатење вклучени се PictBridge, за поврзување со дигитални фотоапарати и видео камери; и отвори за најпопуларните типови на мемориски картички. Исто така, достапен е и изборен Bluetooth адаптер за печатење од мобилни уреди.
SELPHY Photo Print софтвер SELPHY Photo Print софтверот за Mac и PC е дизајниран да им помогне на корисниците низ процесот на печатење преку екранот и со помош на говорни упатства.
SELPHY Contents Utility Проширете ги вашите креативни опции - додадете уште повеќе содржини на SELPHY ES40 преку PC со помош на алатката SELPHY Contents Utility. Испорачаниот диск со решенија нуди дополнителен избор од 19 рамки и 20 слики на печати.
Траење на отпечатените материјали од 100 години* Технологијата за печатење на Canon овозможува печатење на материјали со лабораториски квалитет кои остануваат јасни и живописни и до 100 години. Долготрајниот сјаен прекриен слој го штити секој отпечаток од прскање и лепливи прсти.
*Погледнете ги спецификациите за повеќе детали.
|