Исклучителен пренослив квалитет Ултра-преносливиот PIXMA iP100, со батерија, ја користи технологијата на Canon, на FINE глава за печатење, за неверојатно квалитетно печатење фотографии и документи, каде и да сте. Микро-дизните, кои исфрлаат малечки капки мастило од 1pl, овозможуваат висока резолуција од 9600 x 2400dpi, произведувајќи отпечатоци со квалитет, водечки во класата.
Сопствена технологија на мастило Системот со 5 мастила произведува отпечатоци од фотографии и документи со висок квалитет. Фото-црното мастило обезбедува богат контраст на бојата и длабоки црни тонови во фотографиите, додека посебното пигментно црно мастило се користи за да се произведе свеж, остар текст, за документи од деловна класа.
Големи брзини на печатење PIXMA iP100 со батерија печати отпечатоци од 10 x 15cm, без рамка и со квалитет на фотолабораторија, за само 50 секунди. Документите може да се печатат со брзини од 20 стр/мин во црно-бело и 14 стр/мин во боја.
Убави, долговечни отпечатоци Системот на Canon ChromaLife100 испорачува убави, трајни фотографии, со зголемена издржливост до 100 години*. Со користење патронот FINE, Canon мастила и оригинални Canon фотохартии, системот обезбедува долговечни убави фотографии.
Слобода на печатење PIXMA iP100 со батерија нуди IrDA IR поврзување како стандард и изборен адаптер за Bluetooth® (BU-30), за практично печатење, без кабел. Способноста за безжично печатење од компатибилни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, придонесува кон разновидната можност за ракување со печатачот.
Батерија на полнење, за напојување што трае Со батеријата на полнење (LK-62), на Canon, вклучена како стандард, PIXMA iP100 може да се користи каде и да ви требаат брзи отпечатоци со висок квалитет. Со својата компактна големина и малата тежина од 2,0 kg, овој ултра-компактен PIXMA е идеален за печатење по пат - а ако се користи со изборниот полнач за во автомобил (PU-200U), добивате потполна флексибилност.
* За оптимални услови за чување погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|