Кај овој печатач од средна категорија за фотографии и документи се работи исклучиво за вредноста на вашите пари. Добијте квалитетни отпечатоци со голема брзина, плус систем со посебни мастила: само заменете го празниот резервоар за мастило, сведувајќи ја на минимум загубата на мастило и пари.
|
Печатење фотографии Уживајте во фотографии со квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 47 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слики ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Печатење документи Совршено печатете документи со до 25ppm во црно-бело или 17ppm во боја. Без оглед дали домашна задача, документација, работа преку викенд или веб-локации, овој печатач го обработува сето тоа.
Посебни мастила Сите 4 посебни резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за минимално фрлање мастило и максимална заштеда. Интелигентното ЛЕД светло трепка за да ве предупреди дека некоја од боите е при крај или дека треба да се замени.
Ефикасност Два магацина за хартија, за фотохартија и за обична хартија. Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите. Софтверот Easy-PhotoPrint EX ја олеснува секоја фаза од постапката.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|