Добијте печатење со високи перформанси во движење, со овој стилски, пренослив фото-печатач. Уживајте во лесно безжично печатење од соодветни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, со IrDA или изборно Bluetooth® поврзување.
|
Квалитет на фотолабораторија во движење Преносливиот PIXMA iP90v ја користи технологијата на Canon FINE* глава за печатење, за да испорача квалитет на фотографија и брзина на печатење на еден професионален печатач. Микро-дизните, кои исфрлуваат ситни капки мастило од 2pl, овозможуваат резолуција од 4800 x 1200dpi - за извонредна точност и одлична вистинска боја.
Продуктивни брзини на печатење
PIXMA iP90v печати со брзина до 16 ppm во црно-бело и 12 ppm во боја. Тој може и да печати фотографија без рамка 10 х 15cm, со квалитет на фотолабораторија, за само 51 секунда, а воедно е единствениот пренослив печатач, способен за производство на отпечатоци без рамка до големина А4 - што го прави идеален за зголемување фотографии.
Слобода на безжично печатење
PIXMA iP90v нуди IrDA како стандард и изборен адаптер за Bluetooth, за практично печатење, без кабел. Способноста за безжично печатење од компатибилни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, овозможува комплетна слобода на печатење. Со тежина од само 1,8 kg, овој ултра-компактен, пренослив печатач ќе ги задоволи потребите на повеќето корисници со големи барања.
Директно печатење од фотоапарат
iP90v директно печати фотографии од секој дигитален фотоапарат или камера, компатибилни со PictBridge - без потреба од компјутер - давајќи ви убави отпечатоци без рамка, секогаш и секаде.
Убави, долговечни отпечатоци
Уживајте во нив и споделувајте ги вашите фотографии за цел живот. Со системот на Canon ChromaLife100, фотографиите имаат отпачатен век од до 100 години, кога се чуваат во албум (за оптимални услови на чување погледнете на www.canon-europe.com/chromaLife100).
Преносливост и трајна моќ
Кога нема струја, изборната литиум-јонска батерија на и полначот (LK-51B), на Canon, овозможуваат вашиот iP90v да продолжи да печати. Или одучете се за изборниот комплет батерија/држач (CK-51B), кој зафаќа малку простор, го поддржува печатачот кога не е во употреба, правејќи го полнењето уште полесно. Достапен е и изборен адаптер за автомобил, овозможувајќи печатачот да се напојува од приклучницата на запалката за цигари. Со тоа, секој може да печати секаде.
Компатибилен со Windows и Mac
За полна флексибилност, PIXMA iP90v работи со популарните оперативни системи Windows и Mac.
1 FINE - инженеринг на Inkjet дизни за полна фотолитографија 2 Погледнете ги спецификациите
|