A3 инк-џет печатење за деловни професионалци PIXMA iX7000 обезбедува супериорен квалитет на печатење врз обична хартија на професионалците кои бараат комбинација на висок квалитет и разновидност: печатење документи и прегледи до A3 големина или оживување на фотографиите во големина до A3+.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA iX7000 нуди ISO ESAT брзини од 10,2слики/мин за еднобојни документи и 8,1слики/мин за документи во боја.
Фото-лабораториски квалитет со PgR технологијата FINE технологијата на Canon со капки мастило од 2pl овозможува резолуција од 4800x1200dpi – за неверојатно детални фотографии во боја и јасен, чист текст. Фотографија без рабови од 10x15cm се печати за приближно 44 секунди.* Користејќи ја PgR (Pigment Reaction) технологијата на Canon, можно е извонредно печатење на обична хартија: со висок контраст и помала е веројатноста живите бои да се разлеат или да се размачкаат од влага. LUCIA пигментните мастила нудат одлична густина на боите со исклучителни нивоа на стабилност и трајност на сликата.
Разноврсно управување со медиуми Со три патеки за хартијата – долна касета за 250 листа, фах за рачно полнење и заден фах – PIXMA iX7000 пружа голем капацитет на внес на хартија за многу видови хартиени и фото медиуми. Можно е автоматизирано двострано печатење до A3 големина, што е одличен начин за штедење хартија и намалување на отпадот.
Создавајте постери и летоци PIXMA iX7000 ви овозможува единствен пристап до пакет за преземање ‘Урнеци за решенија’, кои се идеални за компании кои сакаат сами да си печатат летоци, промотивен материјал и постери. Бидејќи се компатибилни со Microsoft Word?, овие урнеци ќе им овозможат на сите корисници да создаваат печатен материјал со професионален изглед.
Професионален софтвер подготвен за мрежно поврзување Вградената Ethernet врска му овозможува на PIXMA iX7000 да биде поврзан во мрежа – идеално за споделување во канцелариска средина. Easy-PhotoPrint Pro Plug-In за Adobe? од Canon за ефикасно печатење фотографии Photoshop Elements и Photoshop* се испорачуваат: сложувајте повеќе слики, управувајте со сериско печатење и вршете фини прилагодувања за печатење.
* Погледнете ги спецификациите
|