Печатење со квалитет на фотолабораторија Овој пристапен печатач испорачува со висока резолуција на печатење од 4800*x1200dpi, со помош на патрон FINE и капки мастило од 2pl. Крајниот резултат е детален и живописен отпечаток во боја на сите ваши фотографии.
Брзо печатење документи со остар текст
Печатете остри и јасни текстуални документи со до 20 страници во минута, во црно-бело, благодарение на дополнителниот црн патрон. Или печатете во брилијантна боја со до 16 страници во минута. Тоа е совршеното решение за домашни задачи, деловни извештаи и за сета ваша коресподенција.
Брзо печатење фотографии без рамка
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, со квалитет на фотолабораторија, за приближно 70 секунди во стандарден режим*. Искористете ги предностите од брзото печатење фотографии на избор од големини до А4, со помош на Easy-PhotoPrint.
Долговечни отпечатоци
Системот на Canon ChromaLife100 испорачува убави, трајни фотографии, со зголемена издржливост до 100** години, за да го зачува вашите спомени. Со користење патронот FINE, Canon мастила и оригинални Canon фотохартии, системот обезбедува долговечни убави фотографии.
Софтвер лесен за користење
Извлечете максимум од својот печатач на наједноставниот може начин, со софтвер лесен за користење. Печатете убави дигитални фотографии со само неколку кликања, со помош на Easy-PhotoPrint. Креирајте и печатете албуми, календари, налепници, а лесно ќе печатите и основни распореди на страница, со помош на Easy-LayoutPrint. Добијте ги совршените веб отпечатоци, без губење на рабовите на страницата, со помош на Easy-WebPrint.
Стилски дизајн
Стилски дизајнираниот печатач совршено се вклопува во секое опкружување. PIXMA iP1800 е длабоко сјајно црн и има огледална завршна обработка - додека аглите му се силно матирано црни. Печатачот е компатибилен со Windows и Mac, со практично поврзување преку USB.
* Погледнете ги спецификациите ** За оптимални услови за чување погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|