Печатење фотографии Супериорен квалитет на слика и печатени материјали без дамки се постигнуваат со PIXMA iP3600, исфрлајќи капки мастило на страната мали колку 1pl со резолуција од 9600x2400dpi*. Фотографија без граници 10x15cm се печати за приближно 41 секунда*. Подобрен ChromaLife100+ систем** ги комбинира печатарската глава FINE на Canon, подобрената формула на мастилото и избраната оригинална фотохартија на Canon за долготрајни и убави фотографии.
Печатење документи PIXMA iP3600 дава јасен текст благодарение на касетата за црно пигментирано мастило, што го прави соодветно за печатење на сите видови документи и печатење од итнернет.
Систем со 5 инидивидуални мастила Сите 5 индивидуални мастила можат засебно да се заменуваат, што го сведува на минимум непотребното трошење на мастило. Практичната LED диода покажува кога одредена касета е при крај или треба да се замени.
Практичност Двата магацина за хартија ја зголемуваат флексибилноста на медиумите, овозможувајќи истовремено ставање и на фотохартија и на обична хартија, без рачно менување. Корисниците на дигитална камера исто така ќе имаат корист од можноста да печатат директно од нивната камера без компјутер кој користи PictBridge. Доколку повеќе сакате да го поврзете печатарот со вашиот компјутер, USB со голема брзина ви овозможува брз трансфер на информации.
Софтвер за уредување Софтверот Easy-PhotoPrint EX доаѓа како стандарден софтвер за вашите креативни проекти, како што се фото албуми и календари. Софтверот исто така вклучува подобрен Auto Photo Fix, кој автоматски ги отстранува вообичаените дамки од сликите користејќи технологија Детекција на лице (Face Detection) и Анализа на сцена (Scene Analysis). Тој исто така ја содржи и функцијата за отстранување на црвени очи.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X*.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|