Печатење фотографии Уживајте во фотографии со супериорен квалитет, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на ситните капки мастило од 1pl и голема резолуција на печатење од 9600x2400dpi*. Системот од 5 посебни мастила вклучува црна врз основа на боја, која на фотографиите им дава дополнителна длабочина и контраст.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 21 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слики ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Печатење документи Совршено печатете документи со до 31ppm во црно-бело или 24ppm во боја, еднострано или двострано. Без оглед дали домашна задача, документација, работа преку викенд или веб-локации, овој печатач го обработува сето тоа.
Печатете на CD и на DVD Персонализирајте ги вашите CD-а, кои може да се печатат со inkjet, со печатење директно на површината. Употребете го софтверот CD-LabelPrint за да креирате возбудлив изглед со додавање текст и слики.
Посебни мастила Сите 5 посебни резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за минимално фрлање мастило и максимална заштеда. Интелигентното ЛЕД светло трепка за да ве предупреди дека некоја од боите е при крај или дека треба да се замени.
Ефикасност Автоматското двострано печатење и копирање ги крати трошоците за хартија. Два магацина за хартија, за фотохартија и за обична хартија. Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите. Софтверот Easy-PhotoPrint EX ја олеснува секоја фаза од постапката.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|