Врвен A4 печатач. PIXMA iP4700 е првокласен А4 печатач кој нуди комбинација на брзина со извонреден фото-квалитет. Создавајте неверојатно детални фотографии во боја, како и деловни документи со професионален изглед.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA iP4700 нуди ISO ESAT брзини од 9,2слики/мин за еднобојни документи и 8,1слики/мин за документи во боја.
Фото-лабораториски квалитет Создадете извонредни печатени материјали со фото-лабораториски квалитет без никаков напор со PIXMA iP4700. FINE главите за печатење на Canon се на врвот од својата класа со капки мастило од 1pl и овозможуваат неверојатна резолуција од 9600x2400dpi – малите детали се репродуцираат со јасност која го задржува вниманието.*
Создадете фотографија за само 20 секунди* Но, одличниот квалитет никогаш не ја компромитира брзината. Со врвната печатарска машина, фотографија од 10x15cm со висок квалитет се печати за приближно 20 секунди.*
5 единечни мастила Со употребата на 5 одделни резервоари за мастило, само заменете го мастилото кое се потрошило – така ќе се зголеми ефикасноста и ќе се намали отпадот.
Напредно управување со медиуми Со автоматското двострано печатење е лесно и практично да се создадат двострани печатени материјали со професионален изглед. Со две лежишта за хартија – заден фах и касета – во исто време можат да се ставаат различни медиуми. Печатете директно на компатибилен DVD или CD диск: за професионален изглед, користете го вклучениот CD-LabelPrint софтвер за лесно да создадете дизајни со текст и слики.
Интелигентни функции и софтвер Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.
Печатете директно од вашиот фотоапарат Нема потреба од компјутер за правење фотографии со одличен изглед. Преку PictBridge, можете да печатите фотографии директно од компатибилни дигитални фотоапарати.
Подолготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA iP4700 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|