За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски печатачи > i-SENSYS LBP7200Cdn

Canon i-SENSYS LBP7200Cdn
Ласерски печатачи

i-SENSYS LBP7200Cdn

Овој компактен ласерски печатар во боја со можност за поврзување во мрежа е идеален за малите работни групи кои имаат потреба за брзо професионално печатење во боја, дополнето со продуктивно автоматско двострано печатење и енергетска ефикасност.

Карактеристики

  • Компактен ласерски печатар во боја
  • 20 стр/мин во боја и во црно-бел формат
  • Резолуција на печатење до 9600x600 dpi
  • Без чекање со технологијата за брз почеток на печатењето
  • Автоматско двострано печатење
  • Поврзување во мрежа со далечински кориснички интерфејс
  • "Сè-во-едно" патрони во боја
Компактен уред за брзо двострано печатење во боја со подготовка за поврзување во мрежа



Импресивно печатење во боја
Уживајте во предностите на исклучителниот квалитет во боја со овој компактен, робустен и практичен ласерски печатар во боја. Печатете професионални документи во широк избор на формати и стилови и прецизно задоволете ги вашите потреби. Подобрената резолуција до 9600 x 600 dpi ви нуди прекрасна графика и остар фин текст за сите ваши задачи.

Брзи перформанси
Брзото печатење до 20 страници во минута во боја или црно-бел формат и печатењето на првата страница за 15 секунди или помалку ќе ви помогнат значително да го намалите времето на чекање. Нашата технологија за брз почеток на печатењето ви овозможува брзо печатење од режимот на мирување, со што се забрзува севкупната работа.

Продуктивно двострано печатење
Зголемете ја продуктивноста на вашата канцеларија и печатете документи со професионален изглед со помош на автоматското двострано печатење. Преку поекономичното користење хартија вие ќе ги намалите трошоците и ќе ги зачувате природните ресурси. Касетата за 250 листови, повеќенаменската фиока за 50 листови и опционалната касета за 250 листови (макс. A4) ќе придонесат за зголемување на севкупната продуктивност.

Можност за поврзување во мрежа
Малите работни групи ќе можат да уживаат во продуктивното печатење во боја од сите компјутери благодарение на можноста за поврзување во мрежа. Далечинскиот кориснички интерфејс (RUI) на корисниците и администраторите им овозможува лесно управување и следење на статусот на печатарот, директно од стандарден веб-пребарувач. Приклучувањето на печатар на мрежа е брзо и едноставно преку автоматското IP конфигурирање и инсталацијата ‘избери и печати’.

Енергетски ефикасен, тивок и едноставен за користење
Овој енергетски ефикасен печатар користи само 7,5 вати во режим на мирување. Уредот поседува Energy Star сертификат и има TEC* (типична потрошувачка на електрична енергија) рејтинг од само 2,19 KWh/неделно. Уредот не произведува никаков звук во режим на подготвеност, така што вие ќе можете да работите без да ви пречи шумот на уредот. За поголема практичност користењето е целосно од предната страна, додека прозорецот за статусот на печатарот кој е вклучен во драјверот нуди известување кога тонерот ќе биде при крај.

"Сè-во-едно" патрони во боја без одржување
"Сè-во-едно" системот патрони ги намалува потребите за одржување и обезбедува висококвалитетно континуирано печатење. Едноставно заменете го патронот - кој содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатар ќе биде речиси како нов. Практичното вметнување од предната страна овозможува едноставна, брза и чиста замена на патроните.

* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star: http://www.eu-energystar.org

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Софтвер & драјвери
Сродни производи
Ласерски мултифункционални уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
BLI Seal 2009 - Recommended
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба