Овој компактен ласерски печатач, со голема брзина, им нуди на зафатените канцеларии моментални отпечатоци со висок квалитет. Тој е водечки со својата економичност, способноста за работа со хартија и брзото, автоматско двострано печатење.
|
Брзо, професионално печатење Овој компактен и робустен ласерски печатач ги испорачува вашите големи документи, со повеќе страници, со голема брзина од 26 страници во минута. Искористете ги предностите од професионални отпечатоци со остар текст и јасни графики, благодарение на резолуцијата на печатење од 2400 x 600dpi.
Нема време на загревање или чекање Добијте ги отпечатоците во моментот кога ви требаат, без чекање. Благодарение на технологијата за фиксирање на барање, времето на загревање е нула - а времето на излегување на првиот отпечаток е 6,5 секунди. Искористете ги и предностите од тивкото работење и од енергетската ефикасност, водечка во класата, со овој печатач, кој троши само 4 вати во режимот на спиење.
CAPT – Canon Advanced Printing Technology (технологијата на Canon за напредно печатење) – ја забрзува обработката за максимизирање на перформансите на печатење. Кориснички прилагодениот графички интерфејс за драјверот овозможува лесен пристап и целосна контрола над нагодувањата на вашиот печатач.
Скратете ги трошоците за хартија Скратете ги трошоците за хартија и креирајте документи со професионален изглед, со помош на брзото, вградено автоматско двострано печатење.
Флексибилно снабдување со хартија Максималниот капацитет на хартија од 550 листа - кој се состои од стандардна касета за 250 листа, повеќенаменска касета за 50 листа и изборна касета за уште 250 листа - се справува со работата и во најдинамичните канцеларии.
Едноставна касета се-во-едно Касетата се-во-едно ги намалува потребите од одржување и обезбедува постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како ‘нов’.
Изборно мрежно печатење Споделете ги ресурсите на печатачот ширум целата канцеларија со нашата изборна мрежна картичка NB-C2. Лесна за инсталирање, таа ја зголемува продуктивноста на печатење, донесувајќи им ја на сите поврзани корисници придобивката од брзо, професионално печатење, директно од нивните работни маси.
|