Брзо, професионално печатење Овој компактен и робустен ласерски печатач ги испорачува вашите големи документи, со повеќе страници, со голема брзина од 26 страници во минута. Искористете ги предностите од професионални отпечатоци со остар текст и јасни графики, благодарение на резолуцијата на печатење од 2400 x 600dpi.
Нема време на загревање или чекање Добијте ги отпечатоците во моментот кога ви требаат, без чекање. Благодарение на технологијата за фиксирање на барање, времето на загревање е нула - а времето на излегување на првиот отпечаток е 6,5 секунди. Згора на тоа, овој тивок и економичен печатач троши само 5 вати во режимот на спиење.
Лесно поврзување во мрежа Идеален за работни групи, i-SENSYS LBP3370 има вграден мрежен интерфејс за лесно поврзување во канцелариската мрежа. Далечинскиот кориснички интерфејс му овозможува на корисникот да го види статусот на печатачот преку својот стандарден Интернет-прелистувач. Покрај тоа, администраторите можат да ги контролираат нагодувањата на машината.
Беспрекорна поддршка за PCL 5e/6 Поддршката за PCL5e/6 обезбедува беспрекорна интеграција во постојните опкружувања за печатење со PCL. Згора на тоа, UFRII - Canon-овиот јазик за печатач со високи перформанси - овозможува супериорна брзина на обработка, за брзо печатење на документите.
Скратете ги трошоците за хартија Скратете ги трошоците за хартија и креирајте документи со професионален изглед, со помош на брзо, вградено автоматското двострано печатење.
Флексибилно снабдување со хартија Максималниот капацитет на хартија од 550 листа - кој се состои од стандардна касета за 250 листа, повеќенаменска касета за 50 листа и изборна касета за уште 250 листа - се справува со работата и во најдинамичните канцеларии.
Лесен патрон се-во-едно Патронот се-во-едно ги намалува потребите од одржување и обезбедува постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете го компактниот патрон - кој содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како ‘нов’.
* Canon-овиот јазик за печатачи со високи перформанси
|