Зголемена брзина на печатење i-SENSYS LBP3460 нуди високопродуктивна брзина на печатење од 33 страници во минута. Совршен за печатење на големи количини и за интензивна работа, тој испорачува професионални ласерски отпечатоци за сите ваши документи. Технологија на на Canon за фиксирање речиси го елиминира времето на загревање и на чекање. Првата копија излегува за само 8 секунди или помалку.
Практична поддршка за PCL 5e/6 Поддршката за PCL 5e/6 овозможува максимална компатибилност за да го направи овој печатач идеален за користење во постоечки средини со PCL печатење. Поддржан е и UFR II, јазикот за печатачи на Canon со високи перформанси.
Вградено работење во мрежа Споделете ги ресурсите на печатачот со стандардно вграденото работење во мрежа 100BASE-TX/10BASE-T, за максимална продуктивност. Едноставен за инсталирање, користење и контрола од секој поврзан компјутер. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed ја забрзува обработката на слики помеѓу компјутерите и печатачот.
Вградено двонасочно печатење Стандардно вградениот дуплекс овозможува автоматско двострано печатење со еден допир. Направете вашите извештаи да изгледаат попрофесионално и истовремено заштедете на трошоците за хартија.
Професионален квалитет на печатење Резолуцијата на печатење од 600 x 600 dpi испорачува професионални отпечатоци, со ласерски квалитет. Ова е зголемено дури до еквивалент од 2400 x 600 dpi со помош на Технологијата на Canon за автоматско подобрување на сликата. Добијте јасни, остри отпечатоци за сета ваша работа, без оглед дали се работи за текст, фотографии или графика.
Практичена касета Се-во-Едно Едноставно заменете ја касетата Се-во-Едно, од Canon, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот печатач е повторно како нов. Нема компликации или грижи околу одржувањето - само постојани резултати со висок квалитет. Достапна е и касета со поголема количина тонер, која ви овозможува да печатите повеќе од двојно количество на страници.
Голема залиха хартија i-SENSYS LBP3460 доаѓа во комплет со касета за 250 листа, плус повеќенаменски фах за 100 листа - со печатење на широка палета формати на хартија, за да ги задоволи сите ваши потреби. За печатење големи количини и за интензивна работа достапна е и изборна касета за 500 листа.
Целосно фронтално ракување Овој стилски, робустен печатач, кој штеди простор, е конструиран за целосно фронтално ракување. Лесен за сместување дури и во најтесниот простор, тој овозможува замена на хартија и патрони од предната страна, без компликации.
|