Компактен, тивок и лесен за користење, овој ласерски печатач испорачува отпечатоци во боја со висок квалитет, и тоа со впечатлива брзина. Скратете ги трошоците за хартија и креирајте двострани документи со помош на автоматскиот дуплекс.
|
Брзо и професионално печатење во боја Искористете ги предностите од брзина на печатење со 10 стр/мин во боја и 12 стр/мин во црно-бело, со помош на овој компактен, тивок и робустен ласерски печатач во боја. Вклучете и почнете да печатите речиси веднаш, со Време на Прв Отисок од приближно 20 секунди. Технологиите на Colour CAPT и Hi-SCoA обезбедуваат брза обработка и издавање на отпечатоците, така што можете да печатите без чекање.
Вградено автоматско двострано печатење Практичното вградено автоматско двострано печатење ви штеди време и пари. Скратете ги трошоците за хартија и лесно произведувајте двострани документи и брошури со попрофесионален изглед.
Брзо прво печатење, нула време на загревање Искористете ги предностите од перформансите на брзо прво печатење, со речиси нула време на загревање од режимот на мирување, секогаш кога треба да печатите, благодарение на нашата технологија за фиксирање на боја на барање, во комбинација со нашиот Ѕ тонер и технологијата за контрола. Згора на тоа, технологијата за фиксирање на боја на барање овозможува енергетска економичност и тивко работење.
Професионален квалитет на печатење Подобрената резолуцијата на печатење од 9600 x 600 dpi испорачува професионални ласерски отпечатоци со висок квалитет. Супериорниот S тонер овозможува живописни контрастни бои и остар текст за сета ваша работа.
Касети во боја се-во-едно Економичните касети се-во-едно ги намалуваат потребите од одржување и обезбедуваат постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како ‘нов’.
Флексибилно ракување со хартијата Касетата за 250 листа хартија доаѓа како стандард. За печатење големи количини достапна е и изборна касета за 250 листа. Печатете на различни големини до А4.
Изборно мрежно печатење Изборната мрежна картичка NB-C2 и далечинскиот кориснички интерфејс (RUI) го претвора i-SENSYS LBP5100 во продуктивен мрежен печатач. Лесен за поставување и ракување, тој е идеален за мала работна група која сака да ги споделува изворите за печатење.
Стилски дизајн што штеди простор Овој стилски, ласерски печатач во боја, кој штеди простор, е конструиран за целосно фронтално ракување. Лесен за сместување дури и во најтесниот простор, тој овозможува замена на хартија и касети од предната страна, без компликации.
|