Овој ласерски печатач во боја, со подготовка за мрежа, овозможува печатење со висок квалитет за професионална примена, со 21 отпечатоци во боја и црно-бело, автоматско двострано печатење и касети во боја се-во-едно.
|
Професионална продуктивност Овој продуктивен i-SENSYS ласерски печатач во боја има брзина на печатење од 21 страница во минута, како во боја така и во црно-бело. Стилски, компактен и робустен, тој брзо и тивко испорачува документи со професионален квалитет. Малата големина на основата и целосното фронтално ракување го прават лесен за сместување, користење и одржување.
Брз до Прв Отпечаток за заштеда на време Со време на излегување на првиот отпечаток од 10,1 секунда и нула време на загревање, нема чекање наоколу Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба, Colour CAPT, Hi-SCoA и супериорниот Ѕ тонер, печатачот стапува во акција веднаш штом ви затреба.
Професионален квалитет на печатење Подобрената резолуцијата на печатење од 9600 x 600 dpi испорачува професионални ласерски отпечатоци со висок квалитет. Добијте јасни, контрастни бои и остри детали за сета ваша работа - без оглед дали се работи за текст, фотографии или комплексна графика.
Практични касети во боја се-во-едно Економичните касети се-во-едно овозможуваат постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи супериорен Ѕ тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како нов. Нема компликации и грижи за одржување. Нивоата на тонерот можете да го проверите со еден поглед, благодарение на фронталниот мерач.
Подготвен за мрежа Вградената мрежна картичка им овозможува на корисниците заеднички да го користат печатачот во мрежа. Лесно и брзо поставување со програмата за инсталирање NetSpot. Вградениот далечински кориснички интерфејс им овозможува на корисниците и на администраторите да го управуваат и надгледуваат статусот на печатачот преку нивните Интернет-прелистувачи.
Автоматско двострано печатење Уживајте во практичното автоматското двострано печатење и скратете ги трошоците за хартија. А и помагате и на животната средина со намалување на трошењето хартија.
Голема залиха хартија Максималниот капацитет на хартија од 850 листа се справува со работата дури и во најдинамичните средини на печатење. Тој се состои од касета за 250 листа и практичен повеќенаменски магацин за 100 листа, како стандард - плус изборна касета за 500 листа. Печатете на различни големини до А4.
Широка компатибилност - i-SENSYS LBP5300 нуди поддршка за Windows, како и за англиските верзии на Mac и Linux. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed ја забрзува обработката на слики помеѓу компјутерите и печатачот.
|