Заштедете време Со излезна брзина од 30 страници во минута и брзо печатење на првата страница од само 6 секунди или помалку, нема чекање со овој печатач кој заштедува време. Освен тоа, може директно да печатите од режим на мирување благодарение на технологијата за брз почеток на печатењето на Canon.
Скратете ги трошоците. Заштедете енергија. Автоматското двострано печатење значително ги скратува трошоците за хартија и го намалува трошењето хартија. Намалете ги и вашите работни трошоци со овој печатач кој заштедува енергија. Уредот поседува Energy Star сертификат и има ефикасен TEC* (типична потрошувачка на електрична енергија) рејтинг од само 2,03 KWh/неделно.
Извонредно ласерско печатење Дајте му на вашиот бизнис дополнителна моќ. Печатете документи со остар, црн текст и јасна, прекрасна графика. Технологијата за автоматско усовршување на сликата (AIR) обезбедува резолуција на печатење до 2.400 x 600 dpi – овозможувајќи најфини детали за сета ваша работа.
Заштедува простор и едноставно се употребува Благодарение на неговиот компактен дизајн кој заштедува простор, i-SENSYS LBP6300dn лесно може да се постави - дури и во збиени канцелариски опкружувања. Исто така, лесно се користи и не произведува никаков звук во режим на подготвеност. Така што може да се концентрирате на вашата работа без шум во заднина кој го одвлекува вниманието.
Споделување на продуктивноста на печатење i-SENSYS LBP6300dn има можност за поврзување во мрежа, така што малите работни групи лесно ќе ги споделуваат ресурсите за печатење. Далечинскиот кориснички интерфејс им дозволува на корисниците и администраторите оддалеку да набљудуваат и да управуваат со статусот на печатачот без напор, директно преку мрежата.
Максимално време на оперативност, минимално одржување Добијте повеќе од вашиот печатач, со помалку мака. Овој робустен и сигурен печатач се одликува со касета за 250 листови и повеќенаменски фах за 50 листови – со изборна касета за 500 листови која е достапна за печатење големи количини. Едноставно заменете го "сè-во-едно" картриџот - кој содржи тонер, барабан и единица за чистење - со автентичен ласерски картриџ од Canon за да обезбедите континуирано висококвалитетно печатење.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star. http://www.eu-energystar.org
|