Заштедете време Овој печатач со високи перформанси ги доставува вашите документи со брзина од 33 страници во минута. Заштедете уште повеќе време со брзото печатење на првата страница од само 6 секунди или помалку. Освен тоа, може директно да печатите од режим на мирување благодарение на технологијата за брз почеток на печатењето на Canon.
Скратете ги трошоците. Заштедете енергија. Автоматското двострано печатење значително ги скратува трошоците за хартија и го намалува трошењето хартија. Намалете ги и вашите работните трошоци со овој печатач кој заштедува енергија. Уредот поседува Energy Star сертификат и има ефикасен TEC* (типична потрошувачка на електрична енергија) рејтинг од само 2,52 KWh/неделно.
Извонредно ласерско печатење Дајте му на вашиот бизнис дополнителна моќ. Печатете документи со остар, црн текст и јасна, прекрасна графика. Технологијата за автоматско усовршување на сликата (AIR) обезбедува резолуција на печатење до 2.400 x 600 dpi – овозможувајќи најфини детали за сета ваша работа.
Заштедува простор и едноставно се употребува Благодарение на неговиот компактен дизајн кој заштедува простор, i-SENSYS LBP6650dn лесно може да се постави - дури и во збиени канцелариски опкружувања. Исто така, лесно се користи и не произведува никаков звук во режим на подготвеност. Така што нема да имате мака и шум во заднина кој го одвлекува вниманието.
Непречена интеграција во мрежата Споделувајте ресурси за печатење преку сите системи со можноста за поврзување во мрежа на i-SENSYS LBP6650dn. PCL5e/6 и изборната PostScript ниво 3 поддршка - плус UFRII, сопствен јазик на печатач на Canon - обезбедуваат непречена интеграција во вашите постоечки IT работни процеси за печатење. Далечинскиот кориснички интерфејс им дозволува на корисниците и администраторите оддалеку да набљудуваат и да управуваат со статусот на печатачот без напор, директно преку мрежата.
Сестрана сигурност Максимизирајте го времето на активна работа и минимизирајте го одржувањето. Овој робустен и сигурен печатач се одликува со касета за 250 листови и повеќенаменски фах за 50 листови – со изборна касета за 500 листови која е достапна за печатење големи количини. Едноставно заменете го "сè-во-едно" картриџот - кој содржи тонер, барабан и единица за чистење - со автентичен ласерски картриџ од Canon за да обезбедите континуирано висококвалитетно печатење.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star. http://www.eu-energystar.org
|