Заштедете време Нема чекање за вашите итни материјали за печатење со брзото еднобојно печатење и печатење во боја од 30 страници во минута, брзо печатење на првата страница од само 10,4 секунди и брзо враќање од состојбата на мирување благодарејќи на технологијата за брз почеток на печатењето. Заштедете дополнително време со продуктивното автоматско двострано печатење како стандард.
Исклучителни бои Создадете импресивни документи во боја по потреба. Технологиите за печатење во боја на Canon ви даваат можност за конкурентност, обезбедувајќи професионален квалитет на боите и остар црно-бел текст. Технологијата за автоматско усовршување на сликата (AIR) за печатење до 9600 x 600 dpi и супериорниот S-Toner пружаат најфини детали за презентации, брошури и за сиот ваш материјал во боја.
Намалете ги трошоците, заштедете енергија Заштедете хартија и намалете ги трошоците со автоматското двострано печатење. Заштедете енергија и намалете ги работните трошоци со овој Energy Star сертифициран печатач кој користи само 1,7 вати во состојба на мирување. Оригиналните ласерски картриџи на Canon обезбедуваат ефективно еднобојно печатење и печатење во боја, а изборниот црн картриџ на Canon со висок капацитет може уште повеќе да ги намали трошоците на печатење.
Целосно поврзување Благодарение на поддршката за PCL5c/6, изборната PostScript Level 3 емулација и директното печатење на PDF; овој печатач може незабележително да се вклопи во постоечките корпорациски IT работни процеси со неговата можност за мрежно поврзување. Изборната NB-W2 плоча за безжично мрежно поврзување пружа безбедна и практична алтернатива на поврзувањето со кабли.
Максимално време на оперативност, минимално одржување i-SENSYS LBP7750Cdn е совршен за печатење големи количини бидејќи има издржлив дизајн и максимален капацитет од 850 листа за непрекинато печатење (со изборна касета од 500 листа). "Сè-во-едно" картриџ системот на Canon овозможува работење без одржување, постојано печатење со висок квалитет и практичност на помалку потрошни материјали.
Едноставен за инсталирање и ракување Екранот во 5 реда со интуитивни менија и анимирана дијагностика на проблеми го прави овој печатач со високи перформанси едноставен за ракување од страна на вработените уште од самиот почеток.
Безбедност и контрола во работните групи Далечинскиот кориснички интерфејс им дозволува на корисниците и администраторите оддалеку да го набљудуваат и да управуваат со статусот на печатачот без напор, директно преку мрежата. Контролирајте го пристапот до машината и управувајте ја безбедно благодарение на управувањето со ID за оддели и Simple Network Management Protocol верзија 3 (SNMPv3). Изборното шифрирано и безбедно печатење ги заштитува чувствителните информации, осигурувајќи дека доверливиот материјал ќе остане во вистинските раце.
|