Професионално печатење до A3+ и 14" широчина PIXMA Pro9000 Mark II ви овозможува живописно и детално печатење на широк избор медиуми и големини од 10x15cm до A3+ и широчина до 14” - совршен за изложување.
Слобода при изборот на медиум PIXMA Pro9000 Mark II нуди печатење на широк избор на сјајни, матирани и фини уметнички медиуми од Canon. Алтернативно, постои поддршка за голем број медиуми од други фирми, меѓу кои се водечките производители како Hahnemuhle, Innova, Arches, Canson & Pictorico - така што само со еден печатар вие ќе добиете целосна слобода при изборот на медиум. Благодарение на рамната патека за печатење, можно е печатење на цврсти медиуми или сликарски платна со дебелина до 1,2мм.
8 патрони со мастило за широка палета на бои Со 8-те единечни патрони со мастило, вклучувајќи и патрони со црвена и зелена боја, може да се постигне поширок спектар на бои. Практичните патрони со мастило кои можат одделно да се заменуваат, овозможуваат намалување на трошоците при печатењето.
FINE квалитет на печатење и 16 битови по канал FINE главите за печатење на Canon се изработени со комплетен фотолитографски процес, а не со спојување, што нуди прецизно поставување и контрола врз секоја најмала капка мастило и висока резолуција од 4800x2400 dpi. Како резултат се добива печатење со врвни детали без зрнести текстури. Печатењето со 16 битови по канал создава рамномерна градација на тоновите при црно-белото печатење и печатењето во боја, овозможувајќи ви да извлечете максимум од вашите 16-битни слики.
Исклучително црно-бело печатење За прекрасно класични црно-бели фотографии и постигнување фини градации на тоновите постои наменски режим за црно-бело печатење, додека напредното прилагодување на студените/топлите тонови е овозможено со Easy-PhotoPrint Pro додатокот. Префинетата машина за печатење исто така нуди брзо и квалитетно печатење во нијанси на сива боја.
Вклучени Adobe PS Elements 6.0 и Easy-PhotoPrint Pro додаток (plug-in) За ефикасно фото уредување, вклучени се Adobe Photoshop Elements 6 и Canon Easy-PhotoPrint Pro додаток за Photoshop* или Digital Photo Professional, кој ќе ви овозможи прикажување на повеќе слики и прилагодување на параметрите за печатење и тоа само од еден екран.
Корекција на амбиенталното осветлување Функцијата за корекција на амбиенталното осветлување* врши автоматско прилагодување на тоновите на боите за добивање на прецизен приказ на боите во светлинските услови под кои отпечатените слики ќе бидат изложени.
*само за Windows Vista
|