За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Професионални печатачи за фотографии > PIXMA Pro9500 Mark II

Canon PIXMA Pro9500 Mark II
Професионални печатачи за фотографии

TIPA Award 2009 - Best Expert Photo Printer
PIXMA Pro 9500 Mark II

A3+ Canon PIXMA Pro9500 Mark II произведува висококвалитетни, долготрајни печатени материјали на широк асортиман на медиуми, што на професионалните фотографи ќе им овозможи зголемување на профитот и висококвалитетно печатење во сопствените простории.

Карактеристики

  • Печатење до A3+ и 14" широчина
  • 10 Lucia пигментни мастила
  • Прекрасни сјајни печатења
  • Исклучително црно-бели печатења
  • Извонредна контрола на боите
  • Широк избор на медиумска поддршка
  • Adobe Photoshop Elements 6.0
  • Печатење со 16 бита по канал
  • Корекција на амбиенталното осветлување
Креирајте и продавајте високо квалитетни слики.



Професионално печатење до A3+ и 14" широчина
PIXMA Pro9500 Mark II ви овозможува печатење погодно за продажба со големини од 10x15cm до A3+ и широчина до 14” - совршено за изложување.

Слобода при изборот на медиум и врвно сјајно печатење
PIXMA Pro9500 Mark II нуди печатење на слики на сјајни медиуми без појава на ефект на 'разлика во сјајноста'. Изберете од асортиманот на сјајни, матирани и фини уметнички медиуми од Canon. Алтернативно, постои поддршка за голем број медиуми од други фирми како Hahnemuhle, Crane, Somerset, Moab, Innova, Arches, Canson & Pictorico и други. Печатете на медиуми со дебелина до 1,2mm благодарение на рамната патека за печатење.

10 одделни Lucia пигментни мастила
Постигнете подобрена продажба благодарение на Lucia пигментните мастила кои се отпорни на избледување. Дополнителните црвени и зелени кертриџи ја прошируваат палетата на бои за печатење, додека фото и мат црните мастила се инсталираат истовремено: веќе нема потреба од менување на кертриџите за различните типови хартија.

Извонредна контрола на боите и исклучително црно-бело печатење
Неутралните сиви и метамерички особини на Lucia мастилата на Canon овозможуваат лесно постигнување на неутрално рамномерно печатење со висок контраст – дури и кога на сликата истовремено има елементи во боја и во црно-бел формат.

FINE квалитет на печатење и 16 бита по канал
FINE главите за печатење на Canon се изработени со комплетен фотолитографски процес, а не со спојување, што нуди прецизно поставување и контрола врз секоја најмала капка мастило и висока резолуција од 4800x2400 dpi. Како резултат се добива печатење со врвни детали без зрнести текстури. Печатењето со 16 бита по канал создава рамномерна градација на тоновите при црно-белото печатење и печатењето во боја, овозможувајќи ви да извлечете максимум од вашите 16-битни слики.

Вклучени Adobe PS Elements 6.0 и Easy-PhotoPrint Pro додаток (plug-in)
За ефикасно фото уредување, вклучени се Adobe Photoshop Elements 6 и Canon Easy-PhotoPrint Pro додаток за Photoshop* или Digital Photo Professional, кој ќе ви овозможи прикажување на повеќе слики и прилагодување на параметрите за печатење од само еден екран.

Корекција на амбиенталното осветлување
Функцијата за корекција на амбиенталното осветлување** врши автоматско прилагодување на тоновите на боите за прецизно прикажување на боите во светлинските услови под кои ќе бидат изложени отпечатените слики.

* Компатибилност со Photoshop CS/CS2/CS3/CS4 и Photoshop
Elements 6
**само за Windows Vista

 Испечати ја оваа страница 

  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба