Супериорни оптички перформанси Користејќи оригинален Canon објектив со 26x моторизирано зумирање и 12x дигитално зумирање, VB-C50i произведува слики во крупен план со извонредни детали, овозможувајќи високо ниво на надгледување од далечина. Камерата е опремена со механизам за швенк и за нагиб, со широк опсег на швенк, од 200°, и на нагиб, од 120°. Таа нуди и инфрацрвен ноќен режим, способна е да зафаќа црно-бели слики во услови на слабо светло, па дури и во тотална темница.
Зафаќање видео со висок квалитет, со рамномерен мрежен пренос
Камерата е способна да зафаќа видео со до 25 кадри во секунда (колку што дозволува ширината на опсегот на мрежата) и има CCD со 400K пиксели, за видео со висок квалитет. Квалитетот на видеото и стапката на кадрите може слободно да се постави за да одговара на ширината на опсегот на мрежата и да произведува природни слики, како во живо. Високата резолуција од 768 х 576 овозможува јасна и точна слика без никакво губење детали. Плус, пренесуваните слики може да допрат до најшироката можна публика - до 50 корисници истовремено - при што сепак се обезбедува јасна и остра слика.
Компактна, флексибилна и прилагодена на корисникот
И камерата и серверот се сместени во една компактна единица, што овозможува дискретно, но сепак високо ефикасно надгледување. Згора на тоа, инсталирањето на мрежната камера е извонредно лесно. Потребни се само две приклучувања за да се започне со пренесување на видео во живо - напојување со струја и поврзување со вашата постојна LAN. Крајниот резултат е решение за мрежна камера се-во-едно, кое може да се постави веднаш и кое на корисниците им нуди полна, флексибилна и лесна контрола.
Напредни функции за зголемување на ефикасноста
Софтверот за далечинско управување овозможува целосна контрола на функциите на швенк/нагиб/зумирање - било преку компјутер или преку платформи компатибилни со испорачаната програма за прикажување Java (на пр. Mac, UNIX). Режимот на панорамска слика овозможува собирање на серија неподвижни слики за да се креира комплетен панорамски изглед, кој може да се користи за поставување на PTZ ограничувањата. На преносот во живо може да му се додаде и аудио сигнал, со едноставно приклучување на изборен надворешен модул на VB камерата. Откривањето движење и автоматското следење овозможуваат камерата да се придвижува нанапред (швенк) и да го менува нагибот, автоматски зафаќајќи го секое движење. Камерата може дури и да се конфигурира, така што откако ќе открие движење да испрати известување по е-пошта или да го вклучи моќното безбедносно осветлување.
|