Со 26x оптичко зумирање, обезбедено со Canon телефото објектив, комуникациската камера VC-C50iR може да произведе екстремни слики во крупен план. Понатаму, 12x дигитално зумирање овозможува некое подрачје дигитално да се зголеми заради детално испитување. Подобрениот оптички систем се базира на долгото наследство на Canon во технологијата на објективи - што ја прави ова камера идеална за примена при набљудување за надгледување, каде што точноста и прецизноста се суштински.
Величествени перформанси во услови на слабо светло Оваа камера може да испорача слики во боја и кога работи во услови на многу слабо светло - дури до 1 лукс - благодарение на јасниот f/1.6 објектив и малата брзина на затворачот. VC-C50iR може да произведува и црно-бели слики во тотален мрак (0 лукса), со помош на инфрацрвениот ноќен режим. Вградениот ЛЕД илуминатор обезбедува опсег на гледање до 3 метри, покажувајќи предмети, кои не се видливи со голо око. Дополнително инфрацрвено светло може уште повеќе да го зголеми опсегот на гледање.
Зголемен опсег со кристално јасни снимени слики VC-C50iR е конструирана за монтажа на плафон и има голем опсег на швенк, од 340°, и на нагиб, од 100°, за целосна видливост. Покрај ова, камерата има 9 предефинирани положби, за моментално повикување на нагодувањата за аглите на камерата, зумирањето и за АЕ. CCD со 400К пиксели обезбедува остро снимени слики, додека автоматското намалување на шумовите уште повеќе го подобрува квалитетот, обработувајќи ја сликата пред преносот.
Напредно поврзување за лесна интеграција Единечен 20-полен мулти-конектор служи за S-Video и за RS-232C контролни сигнали. Ова обезбедува брзо и лесно поврзување кон други уреди, за едноставна интеграција во вашиот постоечки систем, со минимално положување кабли. Каскадно помошен елемент овозможува взаемно поврзување на 9 камери, преку интерфејсот RS-232C. Камерите се целосно компатибилни со серверот за камери VB150, на Canon. Иако камерата може да се поврзе на компјутер домаќин или на сервер за камери, достапен е и инфрацрвен далечински управувач, овозможувајќи му на операторот локална контрола на PTZ функциите.
|