Благодарение на imagePRESS CR серверот A7000, сега imagePRESS машините од Canon се достапни како дел од работниот процес на CREO серверите во боја. Одликувајќи се со извонредни нивоа на контрола, одлично управување со боите и обемни VDP можности, тој ви помага да го откриете целосниот потенцијал на машините за печатење од Canon.
Уникатна архитектура
CREO серверите во боја се одликуваат со уникатна архитектура, обезбедувајќи оптимални перформанси со два независни под-системи за обработка. Тоа овозможува фајловите да бидат снимени на имагинарен диск – со капацитет од десетици гигабајти – кои не се ограничени од меморијата на процесорот.
Исто така, imagePRESS CR серверот A7000 го намалува потребното време за обработка и ја зголемува продуктивноста преку тоа што им овозможува на операторите да вршат промени на снимените задачи без потреба од повторно распоредување и повторно снимање на задачата.
Квалитетни бои и слики веднаш по вадењето од кутијата
Алатките за управување со боите обезбедуваат одлично усогласување со поместувањето, обезбедувајќи резултати кои ги надминуваат стандардите, очекувањата и тестовите на купувачите на комерцијални печатачи. Функциите за управување со квалитетот обезбедуваат неверојатен квалитет на сликата и висока прецизност и постојаност на боите.
Едноставни, а сепак моќни VDP можности
Создадете персонализирана директна пошта, извештаи со податоци за трансакции и впечатливи рекламни материјали со помош на обемните VDP можности. Создавачот на VDP фајлови го прави процесот колку што е можно поедноставен и содржи голем пакет со однапред дефинирани шаблони и слики за VDP.
Уникатната архитектура овозможува директно составување на VDP фајлови, заштедувајќи простор на дискот и подобрувајќи ја продуктивноста. Со едно автоматско печатење може да се испечатат дури и сложени, двострани задачи.
Понудена е целосна поддршка за сите водечки формати на VDP фајлови (PPML, VPS и PDF), независно од алатката со која се создадени.
Едноставен за ракување
Интерфејсот на imagePRESS CR серверот A7000, кој е едноставен и лесно се разбира, обезбедува единставена контрола врз целосниот процес на печатење. Почетниците и искусните професионалци ќе можат едноставно и флексибилно да ракуваат софистицирани апликации за печатење во боја.
imagePRESS CR серверот A7000 е компатибилен со повеќето мрежни опкружувања, како и со популарните уреди и алатки од трети производители.
Водечки решенија за работни процеси
imagePRESS CR серверот A7000 нуди вградено поврзување со JDF за интеграција со водечките индустриски решенија за работни процеси како софтверот KODAK PRINERGY и Agfa: Apogee. Тоа придонесува за непречена интеграција и автоматизација на сите чекори при печатењето, со цел да се обезбеди пократко време за враќање на инвестицијата и помала работна сила.
|