За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Печатење голем формат > iPF6200

Canon iPF6200
Печатење голем формат

Архива на производи

Опремен со систем за пигментни мастила на Canon со 12 бои, печатачот за голем формат А1 imagePROGRAF iPF6200, специјално конструиран за пазарите на фотрографијата, ликовната уметност и поправките, со дополнителна придобивка од вградениот цврст диск со 80Gb, кој овозможува оптимална ефикасност на печатачот.

Карактеристики

  • Сјајни А1 отпечатоци без раб за помалку од 4 минути.
  • Мастила со 12-бои, брзи како светлината, за извонредна скала на бои
  • 80Gb цврст диск
  • PosterArtist Lite вграден како стандард – Canon-овиот софтвер за креирање постери
  • Со повеќе бои, а помалку мастила, ова е одлична инвестиција
Понатамошни информации

Испорачајте ги најфините резултати на печатење, со неверојатна постојаност, со помош на iPF6200, печатачот за голем формат А1. Поседувајќи го системот на Canon за пигментно мастило со 12 бои, iPF6200 испорачува неверојатно широка скала на бои, брзи и точни отпечатоци, а толку е лесен за ракување.

Извонреден квалитет
iPF6200 произведува отпечатоци со извонреден квалитет на А1 медиуми благодарение на системот на Canon за пигментно мастило со 12 бои LUCIA II, со двојна глава, кој е прв во индустријата. 12-те бои не се само способни да испорачуваат извонредно широка скала на бои; намалувајќи ја потребата од мешање бои, тие користат помалку мастило отколку вообичаените системи, за уште поефикасни работни трошоци. Исто така, мастилата LUCIA испорачуваат отпечатоци со мазна градација на бојата, намалена зрнетост и бронзирање, за резултати кои се постојано впечатливи

Точност и постојаност на кои можете да се потпрете
iPF6200 содржи вграден систем за нагодување на бојата кој е лесен за користење, за одлични резултати без непотребно трошење време. Покрај тоа што обезбедува постојаност ширум уредите, една уникатна опција му овозможува на iPF6200 (откако ќе биде калибриран) да го регулира исфрлувањето на мастило зависно од користените медиуми - така што нема потреба од надворешни уреди за калибрирање. Освен тоа, почетниот процес на калибрирање трае неполни 10 минути.

Величествена продуктивност
Како и сите печатачи на Canon за широк формат imagePROGRAF, iPF6200 користи глава за печатење со двојна глава за висока густина, која е во можност да смести 30.720 дизни во само две 1” глави за печатење. Резултатот од капки мастило од 4-pl (пиколитри) обезбедува деликатна градација на бојата, израз со висока дефиниција и точност. Покрај овие највисоки стандарди, iPF6200 е способен за производство на A1 отпечатоци на скици, за само 67 секунди.

3-насочен систем за вовлекување на медиуми обезбедува вистинска флексибилност - од платно до сјајни цврсти материјали, во опсег од 0,07mm до 1,5mm дебелина.

Достапна е палета на моќни софтверски апликации, обезбедувајќи дека iPF6200 може да се користи како во корпоративни средини, така и во средини на специјализирано печатење.
imagePROGRAF Digital Photo Front Access овозможува уредување на сликата со притискање на копче.imagePROGRAF додаток за Photoshop им овозможува на корисниците да извезуваат 16-bit RGB слики, обработени со Adobe Photoshop, директно во печатачот imagePROGRAFPoster Artist Lite Poster Creation ви овозможува леано да креирате атрактивни постери и доаѓа стандардно со печатачот.

Лесно ракување
iPF6200 е конструиран имајќи ги предвид корисниците. Покрај автоматската корекција на искривувања, голем ЛЦД екран постојано ги потсетува корисниците за користениот медиум и за нивото на мастилата, за осигурена продуктивност без престан.

 Испечати ја оваа страница 

Useful Info
Print Head Warranty
Environmental Care
Large Format Solutions
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба