Висока продуктивност iPF9000S е најпродуктивниот 60” печатач во својата класа. Можна е максимална брзина од 37,4 м2 на час, а дизајнот на двојна глава за печатење и капките мастило од 4pl исто така произведуваат резолуција од 2400 x 1200 dpi, за совршено поврзување на брзина и продуктивност.
Префрлете се на новиот Реим за економично печатење за да произведувате со висококвалитетни резултати со пониска цена - режимот овозможува резултати со 1200 x 1200 dpi при голема брзина, на обложена и необложена груба хартија, со регулирање на мастилата фото цијан и фото магента за да се намали потрошувачката на мастило за 10% до 20%.
Вградениот цврст диск од 80GB го зголемува просторот за чување, а иновативниот систем на Canon на резервоари за мастило овозможува печатење дури и кога кертиџите треба да се извадат. Понудата на резервоари за мастило со голем капацитет нуди избор од 330ml до 700ml.
Висококвалитетна боја Системот за пигментно мастило LUCIA, со 8 бои, произведува динамична скала на бои, а вклучувањето на сиво помага во креирањето на мазни градации и намалена зрнетост, создавајќи свеж изедначен резултат. Останатите опции вклучуваат поголема отпорност на гребење и 120-годишна постојаност на светло.
Постојана боја iPF9000s е опремен со алатката на Canon за калибрирање на бојата, која ги прилагодува разликите во бојата помеѓу одделните глави за печатење или печатачи, и тоа за само 10 минути.
Едноставност на користењето Ракувањето преку голем ЛЦД го прави користењето од страна на ракувачот сосема интуитивно. iPF9000S е опремен и со автоматска корекција на искривувања, за да се намалат грешките предизвикани од погрешно вовлекување на хартијата, а има и нов систем на вентилатор и издув, за поудобна работна средина.
Софтвер со додадена вредност Асортиман на софтверски решенија, достапни како стандард или по избор, го заокружуваат исклучителниот пакет на придобивки, коишто ги претставува iPF9000S.
Digital Photo Front Access увезува дигитални фотографии од дигитални фотоапарати, овозможувајќи им на клиентите да ги уредуваат своите фотографии со помош на интуитивните визуелни алатки, пред да ги вклучат во креирањето постери.
Canon Photoshop Plug-in ја има способноста да ги претвора 16-bit-ните слики во Photoshop, во 12-bit-ни слики за продукција на печатачи imagePROGRAF.
Canon PosterArtist е специфично развиен од Canon за креирање постери, банери и графички ознаки со професионален изглед, во само четири лесни чекори, нудејќи голем асортиман на шаблони, слики со голема резолуција, ослободени од такса, како и клипарт.
|