no consumer

Фото книги

Вашиот живот во HD. Дигиталните фотографии може да се споделуваат за неколку секунди, но нема ништо подобро од држење испечатена фотографија во рака. Па тогаш зошто самите не направите всококвалитетна фото книга со помош на hdbook? Персонализирана фото книга, професионално испечатена и споена, за реалистично прикажување на вашите фотографии, која ќе ги чува вашите спомени и може да биде одличен подарок за пријателите и семејството.

Ваша персонализирана hdbook. Едноставно како 123.

1. Изберете ги вашите фотографии

2. Преземете го софтверот hdbook

3. Уживајте во вашите спомени

Изберете ги омилените слики кои сакате да ги прикажете во вашата фото книга – идеално доколку сакате да направите прекрасен подарок или да ги споделите вашите драгоцени спомени со семејството и пријателите.

Софтверот hdbook ви овозможува едноставно дизајнирање на фото книги за само неколку минути. Едноставно преземете го софтверот за вашиот PC или Mac од некој од веб страниците за hdbook, распоредете ги вашите фотографии и текст, а потоа испратете ги за печатење.

Вашата персонализирана фото книга ќе се испечати на најсовремениот печатач Canon DreamLabo 5000. Набрзо ќе ја добиете вашата фото книга со професионален квалитет, живописни и реалистични бои и остар текст.

Инспирации за персонализирани фото книги

Луксузен албум за свадба

Доживејте ги одново спомените од специјалниот ден – направете сопствена луксузна фото книга од свадбата со нашиот избор на свадбени заднини, рамки за слики и стилови на страници.

Фото книга за бебиња

Фото книгата за бебиња е совршен начин за споделување и прикажување на новиот член во семејството, како и за да се сетите на сите важни настани во животот.

Фото книга за патувања

Без разлика дали сте на патување од соништата или на летен одмор, чувајте ги вашите спомени во совршена состојба со години откако ќе се вратите со висококвалитетната фото книга за одмори.

Објавете ги вашите фотографии

Портфолио во вид на фото книга со професионален квалитет е одличен начин за прикажување на вашите фотографски вештини и промовирање на вашето деловно работење на потенцијалните клиенти.

Неверојатен фото квалитет

Вашите спомени во HD

Погледнете и почувствувајте го врвниот квалитет на hdbook. Благодарение на нашата технологија на печатење со голема резолуција и 7 мастила, фотографиите се одликуваат со прекрасни детали, природни тонови на кожа и реалистична репродукција на бои. Фотографиите во боја ќе изгледаат неверојатно живописни, а црно-белите слики ќе имаат рамномерни градации и класичен изглед.

Изберете корица за вашата hdbook

Персонализирана фото книга

Создавајте сопствени корици за фото книгите со додавање текст и слики за да ја направите по ваша желба. Професионално испечатена и споена, вашата hdbook гордо ќе стои на вашите полици.

Додајте текст во вашите фотографии

Јасно. Прегледно. Остро.

Додајте текст на вашите фотографии и внесете го името на вашиот албум на корицата. Благодарение на специјално формулираните мастила и резолуцијата на печатење од 2400 dpi, текстот на hdbook е извонредно остар.

Рамно хоризонтално спојување

Совршен дизајн со две страници

Сите наши фото книги користат рамно хоризонтално спојување, така што можете да ги распределите сликите на две страници без да изгубите делови од сликите помеѓу страниците. Двострани фото хартии со врвен квалитет кои овозможуваа избор од стандардни 24 страници па сè до 100 страници без промена на тенкиот спој.

Избор на големини за hdbook

Формат кој ќе Ви одговара

Достапни се квадратни формати со големини од 127 x 127 mm, 210 x 210 mm и 300 x 300 mm, можете да изберете хоризонтален или вертикален формат за A5 и A4 или, пак, да изберете хоризонтален A3 формат, така што сигурно ќе го најдете совршениот формат за вашата фото книга.

Избор на фото хартии

Врвна завршна обработка

Специјално формулирана хартија – дизајнирана за користење со технологиите за печатење на Canon - која овозможува печатење со HD квалитет и врвна завршна обработка. Изберете помеѓу Luster хартија со текстура која е слична на стандардните испечатени материјали со фотолабораториски квалитет или Glossy хартија со мазна и сјајна завршна обработка.

Долготрајни спомени

Комбинацијата од мастила од Canon и специјално обложени фото хартии ќе се погрижи вашите фотографии да траат цел живот. Односно најмалку 300 години, така што може да бидете сигурни дека во вашата фото книга ќе уживаат многу идни генерации.

Софтвер за фото книги

Нашиот практичен софтвер за Windows или Mac ви овозможува да создавате сопствени фото книги за неколку минути. Изберете ја големината на вашата книга, додајте слики и изберете распоред од големиот број понудени распореди.

Однапред поставени распореди за брзо користење

Напредни и прилагодени распореди

Олеснете го создавањето на вашите фото книги уште повеќе со функцијата Автоматски тек. Софтверот автоматски ги подредува сликите и ги става во полиња за добивање на најдобра ориентација. Можете да ги прилагодите распоредите на страниците и сликите пред да започнете со печатење на вашата персонализирана фото книга.

Освен што е едноставен за користење, бесплатниот софтвер hdbook нуди напредни функции за потполна слобода за дизајнирање на вашите фото албуми и раскажување на вашата приказна.

Каде да купите?

Преземете го бесплатниот прирачник и софтвер за фото албуми од некој наш продавач и започнете да создавате луксузни фото албуми. Започнете со кликнување на државното знаме покрај избраниот продавач на hdbook.

Австрија

[IMAGE] Fotobuch24

[IMAGE] fotobuch-online

[IMAGE] foto-book

[IMAGE] TT-Foto

Белгија

[IMAGE] selexion

[IMAGE] Belgium NL[IMAGE] Belgium FR

Данска

[IMAGE] PhotoCare

Германија

[IMAGE] fotobuch-online

[IMAGE] foto-book

[IMAGE] Germany_Expert

Италија

[IMAGE] Multitime v2

[IMAGE] B&W

[IMAGE] Loreto

[IMAGE] Benedetti

[IMAGE] Paoletti_v2

[IMAGE] CSI

[IMAGE] Andreella Photo v2

[IMAGE] Betta Giancarlo v2

[IMAGE] CineSud v2

[IMAGE] Foto Colombo v2

[IMAGE] New Free Photo v2

[IMAGE] Photo19 v2

[IMAGE] PhotoFuture v2

[IMAGE] Pixelefoto v2

[IMAGE] Telestampo v2

Fornitureconti

[IMAGE] Domiad

[IMAGE] Photop

[IMAGE] IT_Wheretobuy_UniversoFoto v2

Луксембург

[IMAGE] selexion

[IMAGE] LU_NL[IMAGE] LU_FR

Полска

[IMAGE] Poland_Podstawowe

[IMAGE] Poland_fotoplus

Обединето Кралство

[IMAGE] 2M

[IMAGE] Clifton Cameras

[IMAGE] Park Cameras

[IMAGE] Castle Camera

[IMAGE] WA_Logo_White_Banner

[IMAGE] WA_Logo_Wheretobuy_Calumet

[IMAGE] UK_Wheretobuy_Wilkinson

[IMAGE] UK_Wheretobuy_Wex

[IMAGE] UK_Wheretobuy_Wex

[IMAGE] UK_Wheretobuy_Light Land v2

UK_Wheretobuy_MTA

Ирска

[IMAGE] Conns Cameras

[IMAGE] Mahers

  • Canon
  • ...
  • Создавајте сопствени и персонализирани фото албуми