Објективи за DSLR

Canon EF 135mm f/2L USM

Професионален телефото објектив од серија L со широка решетка од f/2 кој е идеален за портрети и фотографирање при слаба осветленост.

Придобивки

  • Голема решетка со f/2

  • Брз, тивок автоматски фокус

  • Super Spectra слоеви

  • Конструкција и оптика од L-серија

  • Кружен отвор на блендата за меко заматување

  • Интеграција со системот за блиц E-TTL II

  • Мека торбичка и сенило за објектив

Детални карактеристики

  • Остар, брз и лесен

    Големата максимална решетка на објективот им овозможува на фотографите да фотографираат со релативно големи брзини на блендата, дури и при слаба осветленост. Поради тоа, EF 135mm f/2,0L USM претставува идеална оптика за оние кои фотографираат спорт во затворени простории. И покрај неговите моќни спецификации, објективот е релативно лесен и компактен, со тежина од само 750g.

  • Квалитет на L серијата

    Серијата L е врвна и професионална палета на објективи од Canon, претставувајќи ја најдобрата прецизно дизајнирана EF оптика. Објективите од серијата L комбинираат врвни перформанси со неверојатно ракување и се отпорни на прав и влага.

  • Голема решетка со f/2

    Големата максимална решетка со f/2 нуди исклучителна брзина за фотографирање во услови со слаба осветленост без потреба од блиц. Големата решетка овозможува и прецизна контрола врз длабочината на полето.

  • Ултразвучно фокусирање

    Прстенестиот ултразвучен мотор го придвижува автоматскиот фокус со извонредна брзина и речиси бесчујно. Одличното намалување на вртежниот момент овозможува прецизно утврдување на фокусната точка, без пречекорувања. Покрај тоа, достапно е постојано рачно контролирање на фокусот, со што се овозможува прилагодување на фокусот без исклучување на режимот за автоматско фокусирање.

  • Super Spectra слој

    Слоевите Super Spectra обезбедуваат прецизно балансирање на боите и зголемен контраст. Исто така, ги намалуваат одблесоците и имагинарните облици – проблем кој често се јавува поради светлината која се одбива од сензорот на фотоапаратот.

  • Интеграција со E-TTL II мерење на блиц

    Објективот ги пренесува податоците за оддалеченост назад до компатибилниот E-TTL II систем за блиц на EOS фотоапаратот, за да обезбеди оптимално мерење на блицот.

  • Дополнителна опрема

    Објективот се испорачува со сенило за објектив и мека торбичка.

Слична дополнителна опрема

  • Објективи за DSLR

    Додаток за продолжување EF 1,4x III

    Додаток за продолжување од професионална класа што ја зголемува фокусната должина на објективите од серијата L за 1,4x.
  • Објективи за DSLR

    Додаток за продолжување EF 2x III

    Додаток за продолжување од професионална класа што ја зголемува фокусната должина на објективите од серијата L за 2x.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив ET-78 II

    Се поставува на предниот дел на EF 70-200 mm f/4L USM, EF 70-200 mm f/4L IS USM, EF 180 mm f/3.5L Macro USM и EF 135 mm f/2L USM за да го намали отсјајот од светлината која паѓа директно врз предниот елемент на објективот.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив E-72II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 72 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 72 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND4-L 72 mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 2 чекори. За објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND8-L 72mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 3 чекори. За објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за објективи за снимање одблиску 500D од 72 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Футрола за објектив LP1219

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Адаптер за Macrolite 72C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 72 mm.
  • Широкоаголни објективи

    Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.
    Дознајте повеќе