Canon EF 24-105mm f/3.5-5.6 IS STM

Објектив за зумирање со разновидни опции, речиси бесшумно фокусирање и стабилизација на слика за висококвалитетни фотографии и видеоснимки.

Придобивки

  • Висококвалитетен стандарден објектив за зумирање за фотоапарати за целосни слики

  • Рамномерно и речиси бесчујно автоматско фокусирање при снимање на слики и видео снимки*

  • Снимајте со сигурност при слабо осветлување со стабилизацијата на слика со 4 чекори

  • Тенок дизајн погоден за секаде – совршен придружник за патувањата

  • Опфатете сè во кадарот, од пејзажи до портрети со еден објектив

Детални карактеристики

  • Висококвалитетен и стандарден објектив за зумирање за фотоапарати за целосни слики

    EF 24-105mm f/3.5-5.6 IS STM е одличен избор за оние кои ќе се одлучат за фотоапарати за целосни слики. Идеален за фотографии со автопортрети и пејзажи, и кога сакате да патувате лесно со еден објектив за сите намени. Висококвалитетната оптика нуди извонреден квалитет на сликата низ целиот кадар.

  • Рамномерно и речиси бесчујно фокусирање при снимање на слики и видео снимки*

    При снимање на видео снимките, STM фокусирањето нуди рамномерен и речиси бесшумен AF кој им дава професионален изглед и чувство на снимките.* А кога снимате фотографии, фокусирањето е брзо и прецизно, така што ќе можете да го снимите совршениот момент во секое време.

  • Пренослив дизајн погоден за патување

    Со тежина од само 525g, EF 24-105mm f/3.5-5.6 IS STM е одличен придружник за патувањата. Неговиот флексибилен опсег на зумирање – од широкоаголен до телефото – ви овозможува да снимате широк опсег на објекти без да го менувате објективот. Одлични перформанси при слаба светлина, со стабилизацијата на слика со 4 чекори која нуди заштита од заматувања предизвикани од тресењето на фотоапаратот.* Кога се користи со компатибилни куќишта на EOS

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив EW-83M

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив E-72II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 77 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 77 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 77 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 77 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за објективи за снимање одблиску 500D од 77 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 77 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Футрола за објектив LP1219

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Широкоаголни објективи

    Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.
    Дознајте повеќе