Canon TS-E 24mm f/3.5L II

За реалистичен широк приказ со голема длабочина

Придобивки

  • 24mm објектив со закосување и поместување

  • Ниско изобличување и висока резолуција

  • ± 8,5° закосување и ±12mm поместување

  • Независно ротирање на закосувањето и поместувањето

  • Асферични и UD елементи на објектив

  • Структура со мала бранова должина и прекривен слој за супер спектар

  • Бленда со кружен отвор

Детални карактеристики

  • Проширување на можностите кај фотографирањето со закосување и поместување

    Благодарение на уникатниот систем за ротирање на Canon, TS-E 24 mm f/3,5L II овозможува независно ротирање на закосувањето и поместувањето. Ова овозможува одделно контролирање на перспективата и длабочината на полето - со што значително се зголемува флексибилноста на објективот.

  • Најширок опсег на придвижување

    Со широкоаголна фокусна должина од 24mm и закосување од ±8,5°, плус поместување од ±12mm и ротација од ±90° кај механизмите за закосување и поместување, TS-E 24 mm f/3,5L II нуди исклучителна флексибилност. TS-E 17 MM F/4L исто така овозможува заклучување на механизмите за закосување и поместување заради избегнување на несаканите движења.

  • Објектив со елементи со висока прецизност

    За постигнување на врвна резолуција од едниот до другиот крај на сликата и ниско изобличување, се користи прецизна асферична леќа со голем дијаметар. За минимизирање на хроматската аберација која е честа кај широкоаголното снимање се користат три UD елементи. Овие карактеристики прават објективот да биде особено погоден за пејзажи и архитектонски фотографии.

  • Слој со структура со мала бранова должина

    Дизајниран за дигиталното фотографирање, патентираниот прекривен слој на Canon објективите помага да се минимизираат имагинарните облици и одблесокот предизвикани од внатрешната рефлексија - за добивање на остра и јасна слика.

  • Квалитетна робустна изработка

    Canon објективите од L серијата се изработени за нормално користење и при најсложени услови. Објективот е херметички затворен заради заштита од временски услови и прав, а исто така во пакетот се вклучени и сенило и торбичка.

  • Безоловна оптика

    При изработката на TS-E 24 mm f/3,5L II се користи еколошко безоловно стакло.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.
Пронајдете го вашиот совршен објектив

Широкоаголни објективи

Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.
Дознајте повеќе