Canon Серија MAXIFY MB2150

Разновидни опции и продуктивност за вашата домашна канцеларија.

Canon Camera

Придобивки

  • Брзо печатење: 19 црно-бели слики/мин. и 13 слики/мин. во боја
  • Мрежно работење преку Wi-Fi за директно печатење од мобилни уреди
  • Печатете од и скенирајте кон Cloud услуги
  • Потрошувачка на мастилата од 1.200 црно-бели страници и 900 страници во боја
  • Бидете продуктивни: капацитет за хартија од 250 листови и ADF за 50 листови

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за серијата MAXIFY MB2150 од Canon

  • Голем капацитет, голем квалитет

    Печатач, скенер, копир и факс со разновидни опции кој е дизајниран за домашни канцеларии на кои им е потребно црно-бело печатење и печатење во боја со голем квалитет и мали трошоци по страница. Со голем механизам за снабдување од 250 листови и механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови, MB2150 од серијата MAXIFY на Canon печати неверојатни материјали со живописни бои и остар текст со помош на своите DRHD мастила отпорни на маркери и триење. MB2150 од серијата MAXIFY на Canon печати A4 документи со брзина од 19 слики/мин. во црно-бел формат и 13 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.

  • Економично користење

    Од мала потрошувачка на енергија од само 0,2 kWh (TEC) до поединечно заменливите картриџи со бои за голема потрошувачка - економичноста е приоритет. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 1.200 страници, а картриџите во боја - 900 страници, што значи дека ќе работите со помалку прекини. Изборниот мултикомплет со 4 бои нуди уште поекономично печатење.

  • Продуктивен и едноставен за користење

    Двостраното печатење и поддршката за различни видови и големини на хартија, почнувајќи од обична A4 хартија па сè до етикети, пликови, фотохартија и двострано копирање на документи за идентификација, овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата. Печатачот е создаден за продуктивност и може да се користи брзо и едноставно: без разлика дали печатите, копирате, скенирате или праќате факс, сите овие опции се достапни на TFT екранот во боја од 6,2 cm (2,5”) кај MB2150 од серијата MAXIFY на Canon.

  • Печатете од паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги

    Достапна е поддршка за апликациите Apple AirPrint (iOS), Mopria и Canon PRINT, а поддржано е и печатење од Cloud, скенирање и зачувување документи во популарни услуги засновани на Cloud, вклучувајќи ги Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote, OneDrive и Concur. Режимот на пристапна точка им овозможува на корисниците на паметни уреди да се поврзат со печатачот дури и без Wi-Fi мрежа.

  • Опции за одржување и следење

    Функцијата за филтрирање IP адреси нуди права за пристап само на одреден број корисници, а поддршката за SMTP овозможува безбедно скенирање кон е-пошта во рамките на мрежата во канцеларијата. Администраторите на системот можат да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки на брз и едноставен начин, како што е скенирањето кон USB уреди.

  • Едноставна мрежна интеграција

    Администраторите на системите ќе можат да ја искористат компатибилноста на MB2150 од серијата MAXIFY на Canon со Simple Network Management Protocol (SNMP) - стандард за управување со уреди кој овозможува лесна интеграција на печатачот во постоечките мрежи во канцелариите. SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 6 секунди

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Екран од 6,2 cm (2,5”) кој е практичен за користење

  • Вчитување документи на Cloud услуги*

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

  • Ефикасни XL мастила

Што содржи кутијата

  • MB2150 од серија MAXIFY

  • Кабел за напојување

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Прирачници

  • Кабел за факс/телефонска линија