Canon MAXIFY MB2350

Искористете го максимално потенцијалот на вашата домашна канцеларија

Canon Camera

Придобивки

  • Брз сè-во-едно уред со функции за печатење, копирање, скенирање и испраќање факс за домашни динамични канцеларии
  • Заборавете на чекањето документи со функцијата за брзо печатење на првата страница и брзините од 15 страници/мин. во боја и 23 страници/мин. црно-бело
  • Поврзување преку Wi-Fi и етернет: печатење од и скенирање кон компјутери, паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги
  • Вграден автоматски механизам за снабдување со документи за 50 листови и капацитет за хартија од 500 листови
  • Печатете до 1.200 црно-бели и 900 страници во боја со XL резервоари за мастило кои се менуваат одделно

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за MAXIFY MB2350 од Canon

  • Сè-во-едно уред за домашни канцеларии

    Овој сè-во-едно деловен инк-џет уред го нуди токму тоа што им е потребно на домашните канцеларии - продуктивност и разновидни опции со дизајн кој заштедува простор. Одликувајќи се со можности за поврзување на безжична и етернет мрежа, печатење со професионален квалитет и функции за копирање, скенирање и испраќање факс, тој нуди препорачан месечен обем на печатење помеѓу 200 и 1.000 страници.

  • Печатење на документи со голема брзина

    Никогаш повеќе нема да ги чекате вашите документи. Големи ISO брзини за печатење на A4 документи од 23 слики/мин. во црно-бело и 15 слики/мин. во боја во комбинација со брзо печатење на првата страница со слична брзина од приближно 7 секунди.

  • Деловен квалитет

    Мастилото со голема густина и двојна отпорност создава остар текст и живописни бои. Овие мастила со пигмент имаат исклучителна отпорност - така што нема да избледат со тек на време - и се отпорни на маркери и триење поради што се совршени за висококвалитетни деловни документи.

  • Голема продуктивност во однос на цената

    Печатете до 1.200 црно-бели и 900 страници во боја од A4 документи со XL резервоарите за мастило. Резервоарите за мастило кои можат да се заменуваат одделно нудат максимална продуктивност со минимален отпад. Мултикомплетот со 4 бои содржи цел комплет резервни мастила за уште подобри резултати во однос на цената.

  • Продуктивност на која може да ѝ верувате

    Олеснете ја секоја задача, вклучувајќи го и скенирањето и копирањето на повеќе страници, со помош на двете касети за хартија со 250 листови, вградениот ADF за 50 листови и големиот екран на допир во боја. Достапно е и двострано печатење без напор, за уште поголема професионалност и помала потрошувачка на хартија.

  • Поврзување

    Со MAXIFY Cloud Link можете да печатите од и да скенирате кон популарни услуги засновани на Cloud како Evernote, Dropbox или Google Drive - директно од екранот на печатачот или од паметен телефон преку апликацијата MAXIFY Printing Solutions. Поддржани се и функциите за скенирање кон е-пошта и Apple AirPrint.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 7 секунди

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Вчитување документи на Cloud услуги*

  • Екран на допир од 7,5 cm кој е практичен за користење

  • Скенирање на USB мемориски уред

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Што содржи кутијата

  • MAXIFY MB2350

  • Кабел за напојување

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Прирачници

  • Кабел за факс/телефонска линија