Canon Pro Platinum PT-101

Pro Platinum PT-101

Професионална фото-хартија со завршница како во студио која нуди исклучителен квалитет и отпорност на избледување. Благодарение на широката репродукција на бои, оваа сјајна и тешка хартија го зголемува креативниот потенцијал на фотографите.

Придобивки

  • Најсовремена сјајна завршна обработка
  • Одлична отпорност на избледување
  • Добро осветлена површина
  • Исклучителна репродукција на бои
  • Совршен партнер за мастилата Lucia и ChromaLife100+ од Canon

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon Pro Platinum PT-101

Професионалци


На професионалните фотографи потребна им е најсовремена хартија со сјајна површина со која ќе ја претстават својата работа во најдобро светло, а Canon има хартија која нема да изгледа несоодветно во која било галерија – фото-хартија Про платинеста. Благодарение на високата оптичка густина која се добива со изработка во шест слоеви, можно е постигнување на оптимални студиски резултати.

Моментално сушење на фотографиите


Оригиналните видови хартија за фотографии од Canon имаат прекривен слој со микро-пори кои брзо го впиваат мастилото длабоко под површината за да се спречи задржување на прекумерно мастило на површината на хартијата. Резултат: моментално сушење на отпечатените фотографии.

Совршен сјај


Сјајната хартија од Canon го задржува мастилото подлабоко на горната сјајна површина во споредба со другите видови хартија. На овој начин "сјајната" завршна обработка е секогаш сјајна.

Фотографии кои ќе траат доживотно


Фото-хартијата Про платинеста е совршен партнер за мастилата Lucia и ChromaLife100+ од Canon. Главата за печатење FINE во комбинација со мастилата и оригиналната хартија за фотографии од Canon ги заштитуваат фотографиите од гасови и светлина, со цел да ги зачуваат вашите скапоцени спомени за идните генерации.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon Pro Platinum PT-101, неговите функции и можности.

300-gsm

Тежина во грамови по метар квадратен

0.30-mm

Дебелина во милиметри

Фото-софтвер

Внесете реалистичност во спомените со софтверот кој ќе ве инспирира да печатите на креативни начини.

Дознајте повеќе