Печатачи за во домот

Canon PIXMA iP110

Поврзете се и печатете во движење со неверојатно преносливиот печатач со Wi-Fi.

Придобивки

  • Поврзете се и печатете во движење со неверојатно преносливиот Wi-Fi печатач

  • Оставете впечаток со печатењето на материјали со резолуција од 9.600 dpi и исклучителен квалитет

  • Уживајте во креативна слобода и печатење од Cloud преку PIXMA Cloud Link

  • Подгответе се за печатење без напор од паметни уреди со апликацијата Canon PRINT

  • Уживајте во печатење на документи и фотографии со неверојатен квалитет, без разлика каде се наоѓате

Детални карактеристики

  • Неверојатно преносливо печатење

    Поврзете се и печатете во движење. Без разлика каде ќе ве однесе животот, овој лесен и тенок печатач е најдобар придружник за преносливо и стилско печатење од паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги, благодарение на напредното поврзување преку Wi-Fi.

  • Поврзување со Cloud услуги

    Поврзете се директно со Cloud услугите. Уживајте во печатење од интернет без напор, без разлика каде се наоѓате, користејќи го вашиот паметен телефон или таблет уред. Со подобрениот PIXMA Cloud Link можете да печатите канцелариски документи, PDF фајлови и JPG слики директно од Cloud услуги, како Dropbox, Google Drive, OneDrive и Evernote. Освен тоа, ќе можете да печатите и фотографии од Facebook, Twitter и онлајн албуми за неколку секунди – сето тоа без да користите компјутер.

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Печатачот може да се поврзе и користи со паметни телефони. Само преземете ја апликацијата Canon PRINT за вашиот паметен телефон или таблет-уред. Со користење на апликацијата можете директно да пристапувате до Cloud услуги. Исто така, можете да го проверувате статусот на печатачот, прирачникот за користење или нивоата на мастила во реално време преку Wi-Fi или интернет. За да ги добиете сите опции за поврзување со мобилни уреди, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и Google Cloud Print.

  • Исклучителен квалитет

    Оставете впечаток кога сте во движење со исклучително квалитетното печатење. Печатете документи со професионален изглед, остар текст и фотографии со богати бои и контраст, благодарение на технологијата FINE на Canon со напреден систем со 5 мастила и резолуција на печатење до 9.600 dpi. И печатењето е многу брзо. Уживајте во брзина на печатење од 9,0 црно-бели слики/мин. и 5,8 слики/мин. во боја, за добивање на прекрасни фотографии од 10 x 15 cm без рабови за само 53 секунди.

  • Економично и практично печатење

    Прилагодете ги поставките на печатачот за да го зголемите бројот на испечатени материјали со режимот за заштеда на црно мастило и добијте уште поголема практичност. Не грижете се доколку ви снема црно мастило кога сте во движење, печатачот ќе продолжи да работи создавајќи композитно црно мастило од другите мастила во боја.

  • Креативно користење

    Забавувајте се додека ја истражувате вашата креативност со Easy Photo Print+. Дизајнирајте и печатете честитки, колажи со фотографии и многу повеќе на едноставен начин со помош на оваа интернет услуга - користејќи слики од вашиот таблет уред, паметен телефон, компјутер или Cloud услуга.

  • Безжично печатење

    Уживајте во врвна преносливост и работете во движење со изборната батерија на полнење. Идеално кога сакате да печатите на места каде што не е достапно струјно напојување.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

  • Безжично користење и споделување

  • Печатете директно од Cloud

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Апликација Canon PRINT

  • Се вклучува кога ќе започнете да печатите

Што содржи кутијата

  • Печатач – PIXMA iP110

  • Резервоари за мастило

  • Кабел за напојување

  • Матирана фото-хартија MP-101 (за автоматско подредување на глава на печатач)

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи