Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG2550 Series

Практичен сè-во-едно уред за печатење, скенирање и копирање кој заштедува простор во домот.

Придобивки

  • Компактен "сè-во-едно" уред за во домот: печатење, копирање и скенирање

  • Стилски дизајн со завршница во бела боја

  • Испечатени материјали со висок квалитет до 4800dpi и FINE технологија на картриџи

  • Изборните XL картриџи за мастило овозможуваат повеќе печатење со помали трошоци

  • Опцијата за автоматско вклучување го вклучува печатачот кога ќе започнете да печатите; опцијата за автоматско исклучување го исклучува печатачот кога не се користи

Детални карактеристики

  • Компактен, стилски "сè-во-едно" уред

    Идеален за секојдневно печатење, скенирање и копирање, овој брз "сè-во-едно" уред содржи квалитетен систем на картриџи FINE за фотографии и документи со висок квалитет. Благодарение на компактниот дизајн со стилска завршница во бела боја, тој зафаќа помалку простор во домот и овозможува полнење на хартија и замена на мастила без напор.

  • Брзо, квалитетно печатење

    Системот на картриџи FINE со капки мастило од мин. 2pl и резолуцијата на печатење до 4800dpi обезбедуваат високо ниво на детали. Благодарение на A4 ISO ESAT брзините од 8,0 црно-бели слики/мин./4,0 слики во боја/мин., речиси воопшто нема да чекате додека се печатат документите.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе со помали трошоци. XL FINE картриџите обезбедуваат значително повеќе страници и подолги временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеално доколку често печатите - овозможувајќи ви заштеди до 30% по страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти.

  • My Image Garden

    Едноставен софтвер, кој ви го нуди целосното PIXMA доживување, со решенија за организирање и печатење на вашите фотографии, скенирање и пристап до интернет услуги. Напредните функции, како препознавањето на лица, го олеснуваат пребарувањето на сите фотографии во вашиот компјутер, дури и оние кои одамна не сте ги погледнале, а потоа ќе ги употреби за да создаде нови привлечни дизајни за печатење.

  • Интелигентно печатење од интернет

    Функцијата за автоматско отсекување на дополнителната компонента Easy-WebPrint EX за Internet Explorer, овозможува едноставно печатење единствено на оние содржини од интернет кои ви се потребни. Исто така, може да отсекувате одредени информации од повеќе веб-страници кои потоа ќе ги испечатите на еден лист или ќе ги зачувате како PDF фајл.

  • CREATIVE PARK PREMIUM

    Оваа интернет услуга ви овозможува да преземате и печатите фотографии, илустрации и уметнички дизајни од меѓународно признаени фотографи и уметници. Направете прекрасни картички со професионален изглед, календари или неверојатни 3D модели од хартија.

  • Заштедете енергија

    Опцијата за автоматско исклучување автоматски го исклучува печатачот доколку не се користи одреден временски период – со што заштедувате енергија. Опцијата за автоматско вклучување овозможува практично вклучување на печатачот кога ќе започнете да печатите. Тивкиот режим може значително да го намали шумот при користењето, овозможувајќи речиси бесшумно печатење во домот.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Скенирање со висока резолуција

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Едноставен креативен софтвер

  • Интелигентно печатење од интернет

  • Се вклучува кога ќе започнете да печатите

  • Речиси бесшумно печатење во домот

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MG2550

  • FINE патрони

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи