Печатачи за во домот

Canon Серија PIXMA MG5750

Овие практични сè-во-едно печатачи со разновидни опции нудат печатење без напор, дури и од паметни уреди.

Придобивки

  • Доловете ги драгоцените моменти со печатење на висококвалитетни материјали

  • Лесно поврзување со вашиот паметен телефон или таблет-уред

  • Печатете од и скенирајте кон популарните Cloud услуги

  • Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL мастила

  • Екран во боја за едноставна употреба и навигација

Детални карактеристики

  • Лесно поврзување, печатење, скенирање и копирање во домот со помош на овој достапен и висококвалитетен сè-во-едно уред со 5 мастила

    Лесно поврзување, печатење, копирање и скенирање во домот со помош на овој достапен сè-во-едно уред со Wi-Fi. Фотографиите ќе бидат исполнети со високи нивоа на детали, подлабоки црни тонови и поживописни црвени тонови - благодарение на 5-те единечни мастила, технологијата FINE од Canon и резолуцијата на печатење од 4.800dpi. ISO ESAT брзините од 12,6 црно-бели слики/мин. и 9,0 слики/мин. во боја ви овозможуваат да создавате прекрасни отпечатени материјали од 10 x15 cm за приближно 41 секунда

  • Печатете и скенирајте од паметни уреди на брз и едноставен начин со апликацијата Canon PRINT и Wi-Fi Direct®

    Само преземете ја апликацијата за печатење од Canon и ќе можете да печатите и скенирате преку вашиот паметен телефон или таблет-уред без напор, а ќе добиете и директен пристап до Cloud услугите. Нема потреба да користите безжичен рутер, интернет врска или лозинка со режимот Wi-Fi Direct®, кој создава ад-хок безжична мрежа

  • Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link

    Со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link може да печатите фотографии за неколку секунди од Instagram, Facebook и Flickr и да печатите документи од популарните услуги на Cloud како што е GoogleDrive. Лесно вчитувајте скенирани документи и фотографии на GoogleDrive, а отсега и на OneNote

  • Менувајте ја само бојата која ќе се потроши благодарение на одделните резервоари за мастило. Заштедете со изборните XL мастила и автоматското 2-страно печатење

    Уживајте во минимален отпад и максимални заштеди. Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила и штедите хартија со автоматското 2-страно печатење.

  • Контрола, приказ и поврзување на едноставен начин преку големиот екран во боја од 6,2 cm со кристално јасен приказ

    Контролирајте, прикажете и поврзете се на едноставен начин. Големиот екран во боја од 6,2 cm нуди кристално чист приказ, без разлика дали избирате функции, прегледувате слики или користите Cloud услуги. Згора на тоа, нема да чекате долго за да започнете да печатите благодарение на автоматското вклучување.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Апликација PRINT Inkjet/SELPHY од Canon

  • Автоматско двострано печатење

Што содржи кутијата

  • Сè-во-едно печатач - PIXMA серија MG5700

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи