Печатачи за во домот

Canon Серија PIXMA MG7750

Сè-во-едно печатач кој нуди беспрекорно поврзување и фотографии со неверојатен квалитет.

Придобивки

  • Уживајте во печатење фотографии со врвен квалитет и 6 единечни мастила

  • Започнете да печатите/скенирате веднаш преку паметни телефони или таблет-уреди

  • Печатете од и скенирајте кон популарните Cloud услуги

  • Печатете повеќе документи и фотографии за вашите пари со XL мастилата

  • Контрола без напор преку големиот и интуитивен систем на допир

Детални карактеристики

  • Печатете фотографии без рабови со неверојатна брзина и врвен квалитет со помош на технологијата FINE на Canon, резолуцијата од 9.600 dpi и 6 единечни мастила

    Уживајте во неверојатно брзо печатење на фотографии со врвен квалитет благодарение на технологијата FINE од Canon и резолуцијата од 9.600 dpi. 6-те единечни мастила со подобрени бои содржат сива боја за извонредни црно-бели слики и мастило со црн пигмент за остар текст. ISO ESAT брзините од 15 црно-бели слики/мин. и 10 слики/мин. во боја ви овозможуваат да печатите фотографии од 10 x 15 cm без рабови за приближно 21 секунда.

  • Печатете и скенирајте од паметни уреди на брз и едноставен начин со апликацијата Canon PRINT преку NFC и Wi-Fi Direct®

    Само преземете ја апликацијата за печатење од Canon и ќе можете да печатите и скенирате преку вашиот паметен телефон или таблет-уред без напор, а ќе добиете и директен пристап до Cloud услугите. Поврзувањето е брзо и едноставно преку вградениот NFC. Нема потреба да користите безжичен рутер, интернет врска или лозинка со режимот Wi-Fi Direct®, кој создава ад-хок безжична мрежа

  • Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link

    Со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link може да печатите фотографии за неколку секунди од Instagram, Facebook и Flickr и да печатите документи од популарните Cloud услуги, како што се GoogleDrive, OneDrive, а ќе можете да пристапите и до SlideShare*. Лесно вчитувајте скенирани документи и фотографии Easily на GoogleDrive, OneDrive, а отсега и на OneNote.**

  • Менувајте ја само бојата која ќе се потроши благодарение на одделните резервоари за мастило и печатете и штедете со помош на изборните XL мастила и автоматското 2-страно печатење

    Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила и штедите хартија со автоматското 2-страно печатење. Печатете на фото-хартија и обична хартија во исто време со 2-та фахови за хартија или, пак, дизајнирајте и печатете ознаки директно на компатибилни дискови.

  • Уживајте во едноставна и интуитивна контрола на дофат на вашите прсти со големиот панел на допир и екранот на допир во боја од 8,8 cm

    Уживајте во чувство на класа со едноставна и интуитивна контрола на дофат на вашите прсти. Големиот панел на допир со екран на допир во боја од 8,8 cm нуди брза и едноставна навигација низ менијата, избирање функции, прегледување слики и користење Cloud услуги.*SlideShare е заштитен знак на SlideShare, Inc.**Опциите за скенирање кон услугата Cloud и скенирање кон е-пошта се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • Апликација PRINT Inkjet/SELPHY од Canon

  • Екран на допир кој е едноставен за користење

  • Голем екран на допир

  • Брзо поврзување со поддршка за NFC

Што содржи кутијата

  • Сè-во-едно печатач – PIXMA серија MG7700

  • Резервоари за мастило за поставување 

  • Кабел за напојување 

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи