Печатачи за во домот

Canon PIXMA MX925

Моќен и продуктивен 4-во-едно уред со 5 мастила, Wi-Fi, етернет, 2-стран ADF и фах за хартија за 250 листови.

Придобивки

  • Моќен и продуктивен канцелариски "сè-во-едно" уред

  • 2-стран механизам за автоматско снабдување со документи за 35 страници кој овозможува скенирање, копирање и испраќање факс

  • Извонредни испечатени материјали со помош на системот со 5 единечни мастила и можност за користење изборни XL резервоари за мастило

  • Печатете до 1000 еднобојни страници со изборното XXL еднобојно мастило

  • Практичен фах за хартија со голем капацитет од 250 листови

  • Голем, практичен TFT екран во боја од 7,5cm (3,0”) со панел со двојна функција

  • Брзо печатење со A4 ISO ESAT од 15 црно-бели слики/мин./10 слики во боја/мин.

  • Печатење од smartphone/таблет уреди, како и скенирање кон истите. Поддршка за Apple AirPrint

  • Поддршка за Google Cloud Print и печатење од интернет преку PIXMA Cloud Link

Детални карактеристики

  • Моќен и продуктивен "сè-во-едно" уред

    Овој врвен "сè-во-едно" уред со можност за поврзување во мрежа нуди голема продуктивност која можат да ја споделат сите. Можноста за поврзување на Wi-Fi и етернет овозможуваат печатење, скенирање, копирање и испраќање факс од речиси секое место во канцеларијата или домот. Поддршката за Apple AirPrint ви овозможува да печатите директно од iPad и iPhone.

  • Напредно управување со медиуми

    Вршете автоматско скенирање, копирање или испраќање по факс на големи двострани документи со помош на целосно интегрираниот 2-стран автоматски механизам за снабдување со документи за 35 страници. Фахот со голем капацитет од 250 листови ви овозможува да потрошите помалку време за полнење на хартија, додека автоматското 2-страно печатење ја намалува количината на хартија која ја користите. Двојните касети за хартија на предната страна ви овозможуваат практично полнење на два вида медиуми истовремено, како и директно печатење на дискови со можност за печатење со помош на функцијата за директно печатење на диск.

  • Економични, одделни резервоари за мастило

    За да добиете поголема економичност, овој "сè-во-едно" уред се одликува со 5 единечни мастила, така што треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши - правејќи го печатењето поефикасно. Изборните економични XL и XXL мастила овозможуваат печатење на повеќе страници отколку со стандардните мастила, а тоа значи поретко менување на мастилата – идеално доколку постојано печатите. Со XXL картриџите може да испечатите најмногу 1000 страници.

  • Висок квалитет, брзи перформанси

    Технологијата FINE од Canon со минимални капки мастило од 1pl овозможува резолуции на печатење до 9600dpi - за неверојатно детални фотографии и слики во боја. Уживајте во големи брзини за печатење од 15 слики/мин. за еднобојни или 10 слики/мин. за документи во боја. Печатете фотографии од 10x15cm без рабови со фото-лабораториски квалитет за прибл. 21 секунда или ископирајте A4 страница за само 12 секунди.

  • PIXMA Cloud Link

    Печатете документи од Google, е-mail пораки, фотографии и прикачени PDF фајлови од речиси насекаде, со помош на Google Cloud Print. Изработувајте календари, преземајте стационарни и други шаблони директно од PIXMA Cloud. Добијте повеќе од вашиот печатач и печатете директно од интернет. Печатете фотографии за неколку секунди од CANON iMAGE GATEWAY.

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Апликацијата Easy-PhotoPrint на Canon нуди флексибилност за печатење и скенирање од и кон вашите мобилни уреди, без разлика каде се наоѓате во канцеларијата. Благодарение на поддршката за Apple AirPrint, ќе можете да печатите фотографии, e-mail пораки, веб-страници и други документи директно од вашиот iPhone, iPad и iPod touch.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Печатач со можност за поврзување на интернет

  • Практичен екран во боја

  • Панел за навигација кој е едноставен за користење

  • Продуктивни

  • Автоматско двострано печатење

  • Скенирање со висока резолуција

  • ФАКС

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач

  • Резервоари за мастило

  • CD-ROM за поставување

  • Кабел за напојување

  • Кабел за телефонска линија

  • Матирана фото-хартија MP101 (за автоматско подредување на глава на печатач)

  • Упатства и други документи