Печатачи MegaTank

Canon PIXMA G4400

Моќен 4-во-1 печатач кој нуди мали работни трошоци, резервоари за мастило за поголема потрошувачка што се дополнуваат и поврзување преку Wi-Fi и Cloud.

  • Моќна продуктивност

    Печатач, копир, скенер и факс кој нуди печатење по ниски цени и моќни функции за управување со документи за во домот или за во канцеларијата.

  • Неверојатно голем број на отпечатени страници

    Печатете подолго без потреба за замена на мастилата благодарение на можноста за печатење голем број на страници. Во боја: 7000 страници. Црно-бело: 6000 страници.*

  • Wi-Fi и функции за Cloud

    Поврзувајте паметни уреди безжично за да печатите, скенирате, праќате факсови и за да користите функции за Cloud, при што ќе можете да ги користите омилените Cloud услуги како Google Drive и Dropbox.

  • Гарантиран квалитет за печатење

    Добијте документи со остар текст и длабоки и густи црни бои. Мастилото со црн пигмент и мастилата базирани на боја создаваат живописни слики и фотографии без рабови, дури и при користење квадратни формати.

  • Практични функции

    Олеснете ја секоја задача со јасниот 2-линиски LCD екран и автоматскиот механизам за снабдување со документи (ADF) за 20 листови за да можете брзо да скенирате, копирате и испраќате факс.

Спецификации

  • Печатете голем обем на документи и фотографии

  • Печатење без рабови

  • Резервоари за мастило што се дополнуваат, поставени на предната страна

  • Поврзување преку Wi-Fi и Cloud

  • 20-sheet Auto Document Feeder

  • Поддршка за печатење со големина од 13x13 cm (5x5”)

  • Печатење/скенирање од паметен телефон и таблет-уред

  • Факс

Што содржи кутијата

  • PIXMA G4400

  • 4 резервоари за мастило за голема потрошувачка

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Прирачници

Дополнителна опрема

Стандардни резервоари за мастило

  • GI-490

    Црна Овој резервоар за мастило со црн пигмент од 135ml се користи за печатење документи на обична хартија и обезбедува јасен и остар текст со голема долготрајност.

  • GI-490

    Цијан Овој резервоар за мастило цијан од 70ml се користи за печатење фотографии и документи во боја.

  • GI-490

    Магента Овој резервоар за мастило магента од 70ml се користи за печатење фотографии и документи во боја.

  • GI-490

    Жолта боја Овој резервоар за мастило во жолта боја од 70ml се користи за печатење фотографии и документи во боја.

Фотохартии

  • LU-101

    Фотохартија Pro Luster Печатете фотографии со живописни бои и неверојатни црно-бели фотографии со помош на фотохартијата Pro Luster - професионална фотохартија со текстура со отсјај за традиционален фотолабораториски изглед кој можете да го направите во домот.

  • PP-201

    Фотохартија Plus Glossy II Фотохартијата плус сјајна II од Canon е совршената фотохартија со врвен квалитет и сјајна завршница. Обезбедува совршена завршница за дигиталните фотографии и сите ваши повторни печатења.

  • SG-201

    Фотохартија Plus Semi-gloss Фотохартија плус полусјајна од Canon, е хартија со сатенска завршна обработка и текстура како вистинска хартија за фотографии. Оваа висококвалитетна хартија создава прекрасни фотографии со намалена сјајност за помека завршна обработка.

  • GP-501

    Сјајна фотохартија за „секојдневна употреба“ Сјајна фотохартија за секојдневно печатење на фотографии со фотолабораториски квалитет. Фотохартијата за "секојдневна употреба" нуди економичен начин за печатење на фотографиите од одморите со сјајна завршница во домот.

  • MP-101

    Матирана фотохартија Матираната фотохартија овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршница. Исто така, погодна е и за покреативно користење, како на пр. за честитки, изложувањa и занаети со хартија.

  • HR-101N

    Хартија за висока резолуција Оваа обложена хартија е дизајнирана за добивање прекрасни бои и остри, живописни слики. Идеална за печатење на висококвалитетни документи, табели и презентации кои содржат фотографии и графика.

Поврзани производи

  • Печатачи MegaTank

    PIXMA G1400

    Компактен и сигурен печатач со една функција за печатење фотографии и документи. Совршен за печатење големи количини.
  • Печатачи MegaTank

    PIXMA G2400

    Извонредно ефикасен 3-во-1 модел кој нуди врвен квалитет на слика и економично печатење.
  • Печатачи MegaTank

    PIXMA G3400

    Повеќефункционален печатач за документи и фотографии со функции за поврзување преку WiFi и Cloud. Идеален за користење во домот и во канцеларии.

Видеоснимка за серијата PIXMA G

Погледнете како печатачите од Canon за континуирано печатење со мастила ви овозможуваат да отпечатите повеќе со помали трошоци - без компромиси.
  1. *Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување. Различните потрошувачки на страници не треба да се комбинираат.