Canon CanoScan LiDE 110

CanoScan LiDE 110

Овој основен модел на LiDE скенер се одликува со EZ копчиња за едноставно ракување при автоматското скенирање, копирање, праќање е-mail и функциите за создавање PDF. Уште поедноставна употреба со режимот за автоматско скенирање и намалувањето на прав и гребнатини.

Придобивки

  • Резолуција од 2400x4800dpi со 48-битна боја
  • A4 скенирање со 300dpi за 16 секунди
  • 4 EZ копчиња за автоматско скенирање, копирање, праќање е-mail и PDF
  • Интуитивно намалување на прав и гребнатини кај фотографиите
  • Режим за автоматско скенирање: едноставност при скенирањето и зачувувањето

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan LiDE 110

Квалитетно скенирање


Овој основен модел на скенер ги скенира сите ваши фотографии и документи без напор, користејќи импресивна резолуција од 2400 x 4800dpi. Со својата внатрешна 48-битна длабочина на боја, овозможува снимање на фотографии со високо ниво на детали. Сензорот за слика и валјакот имаат еднаква широчина и обезбедуваат остра и јасна репродукција на сите ваши слики.

Брзо A4 скенирање во боја со 300 dpi за само 16 секунди.

Компактен и стилски


Скенерот се одликува со извонредно компактен и стилски дизајн, кои го прават привлечен додаток во секој дом. Вградениот капак е дизајниран да овозможи скенирање на сите видови документи, како што се книги, без да ја наруши стилската естетика.

Едноставно користење


Овој скенер ви ги олеснува задачите благодарение на 4-те функциски копчиња на допир. Копчето за автоматско скенирање автоматски го препознава типот на оригиналот и овозможува скенирање на вашите фотографии и документи со само едно кликнување. На сличен начин, копчињата за копирање, праќање e-mail и за создавање PDF придонесуваат за неговата едноставност.

Подобрувања на сликата кои заштедуваат време


За вашите фотографии е достапна опција за отстранување на прав и гребнатини, која овозможува подобрување на сликите. Таа автоматски ги намалува правта и гребнатините, а помага и во обновувањето на избледените бои на старите фотографии. Auto Document Fix е технологија која одделно го подобрува текстот, графиката и сликите кај скенираните документи. Во останатите функции кои заштедуваат време спаѓаат Auto Photo Fix II и Solution Menu EX.

Напојување преку USB


Скенерот се поврзува и напојува со еден USB кабел, минимизирајќи ги каблите и нередот кој го создаваат.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan LiDE 110, неговите функции и можности.

Scanning resolution in dots per inch

Резолуција на скенирање во точки по инч

No power connection required

Не е потребно напојување

A4 colour document scan speed

Брзина на скенирање на A4 документ во боја

One touch operation

Ракување со еден допир

Scan thick documents or magazines

Скенирајте дебели документи или списанија

PDF files creation function

Функција за создавање на PDF фајлови