CanoScan LiDE 210
Овој LiDE скенер се одликува со резолуција од 4800dpi и држач за скенирање во исправена положба кој заштедува простор на работната маса. Уште поедноставна употреба со режимот за автоматско скенирање и намалувањето на прав и гребнатини.
Придобивки
- Резолуција од 4800x4800dpi со 48-битна боја
- A4 скенирање со 300dpi за 10 секунди
- 5 EZ копчиња за автоматско скенирање, копирање, праќање е-mail и 2xPDF
- Исправено скенирање
- Интуитивно намалување на прав и гребнатини кај фотографиите
- Режим за автоматско скенирање: едноставност при скенирањето и зачувувањето
Детални карактеристики
Погледнете подетални информации за Canon CanoScan LiDE 210
Квалитетно и продуктивно скенирање
Скенирајте ги сите ваши фотографии и документи без напор, користејќи резолуција од 4800 x 4800dpi. Со својата внатрешна 48-битна длабочина на боја, овозможува снимање на фотографии со исклучително ниво на детали. Сензорот за слика и валјакот имаат еднаква широчина и обезбедуваат прецизна и квалитетна репродукција на сите ваши слики.
Брзо A4 скенирање со 300 dpi за само 10 секунди.
Компактен и стилски
Скенерот се одликува со извонредно компактен и стилски дизајн, кои го прават привлечен додаток во секој дом. Исправениот држач завзема минимален простор на работната маса. А дизајнот со вграден капак овозможува скенирање на сите видови документи, како што се книги, без да ја наруши стилската естетика.
Едноставно користење
Овој скенер ви ги олеснува задачите благодарение на 5-те функциски копчиња на допир. Копчето за автоматско скенирање автоматски го препознава типот на оригиналот и овозможува скенирање на вашите фотографии и документи со само едно кликнување. На сличен начин, копчињата за копирање, праќање e-mail и двете копчиња за создавање PDF придонесуваат за неговата едноставност.
Подобрувања на сликата кои заштедуваат време
За вашите фотографии е достапна опција за отстранување на прав и гребнатини, која овозможува подобрување на сликите. Таа автоматски ги намалува правта и гребнатините, а помага и во обновувањето на избледените бои на старите фотографии.
Auto Document Fix е технологија која одделно го подобрува текстот, графиката и сликите кај скенираните документи.
Во останатите функции кои заштедуваат време спаѓаат Auto Photo Fix II и Solution Menu EX.
Напојување преку USB
Скенерот се поврзува и напојува со еден USB кабел, минимизирајќи ги каблите и нередот кој го создаваат.
Спецификации за производот
Дознајте повеќе за Canon CanoScan LiDE 210, неговите функции и можности.
Резолуција на скенирање во точки по инч
Не е потребно напојување
Брзина на скенирање на A4 документ во боја
Ракување со еден допир
Скенирајте дебели документи или списанија
Функција за создавање на PDF фајлови