Canon CanoScan LiDE 90

CanoScan LiDE 90

Овој скенер за фотографии и документи од средна категорија е идеален за луѓе на кои повремено им треба скенирање на фотографии и документи со висок квалитет. Неговата неверојатно мала големина ослободува простор, така што нема да ви стои на патот.

Придобивки

  • Најмалиот на светот во својата класа, со вертикален држач за закачување
  • Напојување преку USB, не е потребно посебно напојување
  • 2400x4800dpi*; 48 bit-на длабочина на боја
  • A4, 300dpi за приближно 14 сек.
  • Скенирајте во компјутер, е-пошта и PDF
  • 4 EZ копчиња
  • Автоматска корекција на слика
  • Опширен софтвер

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan LiDE 90

Квалитет


Сензор со 2400x4800dpi* зафаќа фини детали, обезбедувајќи свежи слики, погодни за зголемување и за печатење со висока резолуција. 48-bit-ната длабочина на бојата обезбедува извонредно точна репродукција на бојата.

Брзина


Скенирајте страница во A4 со 300dpi за приближно 14 секунди. Интерфејсот USB 2.0 High-Speed обезбедува брз пренос на слики до вашиот компјутер.

Дизајн


Ова е најмалиот скенер на светот во својата класа - само 25 x 36,4 x 4cm - така што никогаш нема да ви стои на патот. Држач за закачување - овозможува практично вертикално скенирање, штедејќи уште повеќе простор.

Генијалниот Z-капак со двојни шарки овозможува лесно скенирање на книги, списанија и други мали тродимензионални предмети.

Функции


Скенирајте документи и фотографии директно во компјутер, е-пошта или во PDF. Креирајте документи со повеќе страници во PDF, во комплет со брзо пребарување текст.

Прецизниот софтвер за оптичко препознавање знаци го претвора печатениот текст - обезбедувајќи електронски документи со можност за уредување, без комплицирано прекуцување.

Лесно ракување


Четири EZ копчиња за скенирање нудат едноставно ракување со еден допир. Тие се конфигурирани да ги завршуваат најчестите работни задачи; како копирање, скенирање, PDF или испраќање во е-пошта.

Мулти-фото режим


Скенирајте до 10 одделни слики во едно минување, со тоа што секоја ќе се регистрира посебно. Мулти-фото автоматски идентификува, отсекува и израмнува повеќекратни слики, штедејќи време и компликации.

Автоматска корекција на слика


Технологијата QARE ниво 3 автоматски ги обновува вашите изгребани, оштетени или избледени фотографии - заштедувајќи ви многу часови рачно ретуширање.

Софтверот ScanGear овозможува компензација на заднинското светло и ја намалува зрнетоста.

USB напојување


Овој елегантен скенер ја влече сета потребна енергија од само едно USB поврзување - што значи уште повеќе практичност и помалку кабли. Тој е ултра-лесен и пренослив, за користење насекаде.

Софтвер


Испорачаниот софтвер вклучува ArcSoft PhotoStudio, OmniPage и Presto! PageManager (само за ПЦ). Софтверот MP Navigator EX го прави едноставно ракувањето со вашиот скенер и изведувањето на повеќето комплексни операции од вашиот компјутер.

* Погледнете ги спецификациите

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan LiDE 90, неговите функции и можности.