no consumer

Одредби и услови за употреба

ПРЕД ДА ПРИСТАПИТЕ НА ВЕБ-САЈТОТ НА КАНОН ЕВРОПА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОКУМЕНТ. Со пристапување на веб-сајтот на Канон, вие се согласувате на следните одредби и услови. ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРАФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ И ОДРЕДБИ, НЕ КОРИСТЕТЕ ГО ОВОЈ ВЕБ-САЈТ.

1. Согласност

2. Веб-сајт на Канон

3. Информации за колачиња

4. Употреба

5. Одрекување од одговорност

6. Одговорност

7. Политика за приватност

8. Заштитен знак

9. Canon Europa N.V.

10. Важечки закони

11. Авторско право

1. Согласност

Canon Europa N.V. („Канон“) ви го нуди овој веб-сајт („веб-сајт на Канон“) врз основа на следниве Одредби и услови („Одредби и услови за употреба“). Со пристапување на која било страница од овој веб-сајт на Канон, вие се согласувате да ги почитувате овие одредби и услови. Канон може повремено да ги ажурира овие Одредби и услови со објавување на ажурирани Одредби и услови, без претходно посебно писмено известување. Проверувајте ги Одредбите и условите за употреба секогаш кога ќе пристапите до веб-сајтот на Канон, за да ги проверите најновите ажурирања.

 

  Горе

2. Веб-сајт на Канон

На овој веб-сајт на Канон можете да се стекнете со информации во врска со одредени производи и услуги на Канон, а исто така, за да добиете повеќе информации, можете да испратите и прашања до Канон. Имајте предвид дека овој веб-сајт на Канон е веб-сајт за Европа и дека производите и услугите можат да се разликуваат од една до друга земја. Доколку сакате да дознаете повеќе детали за производите и услугите кои се достапни, користете ги линковите до националните веб-сајтови.

 

  Горе

3. Информации за колачиња

Прочитајте за нашата политика за колачиња.

  Горе

4. Употреба

Се обврзувате дека преку овој веб-сајт, нема да објавувате или испраќате какви било материјали кои со причина би можеле да се протолкуваат како (i) погрдни, клевети, непристојни, навредливи, непримерни, кои поттикнуваат на расна омраза, дискриминаторни или богохулење, (ii) кршење на кое било неопходно доверливо соопштение или приватност или која било деловна тајна, (iii)  кршење на правата на сопственост на која било трета страна или за која ги немате обезбедено потребните дозволи и/или одобренија, или (iv) повреда  на друг закон.  

Исто така, се согласувате дека преку овој веб-сајт, нема да пренесувате или испраќате какви било материјали кои би можеле да претставуваат или охрабрат однесување кое би можело да претставува кривично дело, предизвикува одговорност за штета или е на друг начин во спротивност со законите на која било земја или друг надлежен орган, или ги повредува правата на трета страна кои важат во кој било дел од светот.


Канон ги задржува правата да ги отстрани од веб-страницата материјалите за кои се сомнева дека се забранети со овој став 3 или се на друг начин несоодветни. Без разлика на погоренаведеното, се согласувате дека Канон не ги контролира содржините на веб-сајтот доставени од други корисници и е беспредметно да ги следи содржините на веб-сајтот за да ја гарантира нивната точност, соодветност или усогласеност со принципите утврдени со овие Одредби и услови.

Не смеете да го поврзувате веб-сајтот на Канон со непристојни и несоодветни веб-сајтови и мора веднаш да ги отстраните сите линкови доколку Канон, по сопствено видување, го побара истото од вас.  

Сите материјали (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, музика, звук, фотографии, графика, слики, видео записи, изработка на податоци, дигитални преземања и софтвер) кои се наоѓаат на овој веб-сајт („Материјали“), се сопственост на Канон и неговите добавувачи се заштитени со европските, јапонските и  меѓународните закони за авторски права.

Канон ве овластува да ги гледате и преземате Материјалите само за лична, некомерцијална употреба, под услов, истите да не ги менувате или преработувате на каков било начин, да не ги репродуцирате или прикажувате, изведувате или јавно дистрибуирате, или да ги користите на друг начин за какви било јавни или комерцијални цели. Забранета е употребата на Материјалите на кој било друг веб-сајт или мрежно поврзани компјутери од која било причина. 

Доколку сакате да ги користите Материјалите за друга намена, надвор од опсегот на одобрените работи наведени погоре, потребно е претходно да добиете писмено одобрување од соодветните сопственици на авторските права или издавачи на лиценци за вакви Материјали, на пр. Канон, неговите добавувачи или други.

Доколку сакате директно да цитирате некој дел од содржината во кој било печатен материјал како на пример списанија, контактирајте го администраторот на веб-сајтот за дозвола, на new.media@canon-europe.com. Доколку сакате да објавите некој дел од Материјалите на ЦД или во други медиуми, наведете го делот од Материјалот што сакате да го објавите.
Се согласувате дека ќе го обештетите Канон и филијалите на Канон за секоја претрпена штета од од оштети, побарувања, загуби или штети што Канон и филијалите на Канон може да ги претрпат како резултат на кршење на овој став 3.

 

  Горе

5. Одрекување од одговорност

Со ова, Канон ги исклучува сите услови, гаранции, претставки и останати одредби кои се однесуваат на обезбедување или планирано обезбедување, неуспешно обезбедување или доцнење во обезбедувањето на какви било услуги во врска со веб-сајтот на Канон или дека веб-сајтот на Канон е точен, целосен или актуелен, кои можат, со овој став 4, да влијаат помеѓу вас и Канон, или може на друг начин, преку посреден договор, статут, обичајно право или на друг начин да се подразбира во рамките на овие Одредби и услови, или опфатено со истите. Вие се согласувате и прифаќате дека го користите веб-сајтот на Канон на ваш сопствен ризик и дека Канон не гарантира дека веб-сајтот на Канон ќе ги исполни вашите барања или дека иститот нема да биде испрекинат, без грешки или безбеден. Сите содржини или услуги достапни преку веб-сајтот на Канон се направени врз основа на „КАКО ШТО Е“ и „СПОРЕД ДОСТАПНОСТА“, и Канон не застапува и нема никакви мерки на безбедност, било искажано или претпоставено, во врска со содржините и услугите вклучени или достапни на овој веб-сајт на Канон. Канон го задржува своето право по сопствено видување да ги измени или повлече кои било содржини или услуги понудени како дел од овој веб-сајт на Канон. 

 

  Горе

6. Одговорност

Канон, која било друга страна (без разлика дали е вклучена во креирањето, произведувањето, оддржувањето или доставувањето на овој веб-сајт на Канон), која било компанија од групацијата на Канон како и службеници, директори, вработени, акционери или застапници за кој било од нив, ја исклучуваат секоја обврска или одговорност за кој било износ или кој било вид на губиток или штета што може да ја претрпите вие или трета страна, (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на секаков вид на директен, индиректен, казнив или последователен губиток или штета; или каков било вид на губиток на приход, профит, гудвил работи, податоци, договори, употреба на пари; или губиток или штета настанати или поврзани на кој било начин со прекин на работење, без разлика дали е намерно нанесување на штета (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на невнимание), договор или е на друг начин поврзано со овој веб-сајт на Канон или е поврзано со користењето, неможноста за користење или како резултат на користење на овој веб-сајт на Канон, кој било веб-сајт поврзан со овој веб-сајт на Канон или материјали на вакви веб-сајтови, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на губиток или штета кои произлегуваат од вируси кои можат да ја заразат вашата компјутерска опрема, софтвер, податоци или друг имот како резултат на вашиот пристап, користење или прелистување на овој веб-сајт на Канон или преземање на материјал од овој веб-сајт на Канон или веб-сајтови поврзани со овој веб-сајт на Канон. Ова нема да влијае врз вашите уставни права.        
Ништо од овие Одредби и услови нема да ја исклучи или ограничи одговорноста на Канон за (i) смрт или лична повреда предизвикана од сопствена невнимателност, (ii) измама или (iii) каква било одговорност која не може да се исклучи или ограничи со законот што се применува.
 

 

  Горе

7. Политика за приватност

Ако одлучите да се регистрирате на некој дел од оваа веб-страница на Canon, тогаш се согласувате да внесувате точни податоци во формуларот за регистрација од Canon. За повеќе информации за употребата и префрлувањето на вашите лични податоци од наша страна, ве молиме погледнете ја оваа ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ.




ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

  1. Информациите достапни во некој формулар или на кој било друг начин преку веб-страницата на Canon ќе може да ги користи компанијата Canon, која поради причините наведени во Дел 7 ќе го опфати и Canon Europe Ltd, со цел да ви ги обезбеди услугите што сте ги побарале преку веб-страницата на Canon.
  2. Повремено, компанијата Canon, соработниците или агентите на компанијата Canon можат да ги искористат овие информации за рекламни цели или за да ве информираат за други производи и услуги, за кои сметаме дека би биле заинтересирани. Можете да наведете дали сакате да добивате такви информации во соодветното поле во формуларот за регистрација. Доколку информациите ги добивате по е-пошта, тогаш можете да се откажете од поштенската листа. Вашите лични информации може да се поврзат со информациите на пребарувачот, други соработници на Canon и трети страни (како даватели на услуги за вдомување) поради причините наведени погоре и во политиката за колачиња и за употреба во групната администрација. Тука може да спаѓа и пренос на податоците надвор од Европската економска зона. Некои од овие приматели може да се наоѓаат во земји што ги немаат истите закони за приватност како и земјите членки на Европската Унија, меѓутоа, бидете сигурни дека се преземени соодветни мерки за заштита на доверливоста и безбедноста на вашите податоци.
  3. Ние сме посветени да ја заштитиме вашата приватност. Вашите лични податоци се чуваат на безбеден компјутер и датотеките нема да се обработуваат рачно, освен за целите наведени во оваа Политика на приватност. До серверот што го користи Canon за складирање на овие податоци можат да пристапат само одредени трети агенции, изведувачи и/или овластен персонал на Canon под строга контрола на Canon („Овластен персонал“). Овој сервер е поврзан на интернет преку заштитен ѕид, што значи дека не е достапен на јавноста.
  4. Во вашите компјутери ќе се инсталираат мали податоци, познати како колачиња, кои ќе собираат статистички информации како патеки на движење, број на посети, повторни клиенти и кликнувања по страница. Единствените лични податоци што ги содржат колачињата се податоците што ги внесувате вие. Тие не можат да читаат податоци од вашиот хард диск. Ги користиме овие колачиња за одредување на корисноста на информациите што ви ги доставуваме и за да дознаеме колку е практична нашата веб-страница. Canon не ги споделува податоците што ги собира преку колачињата со други субјекти што не се дел од Canon и не ги продава на трети страни. Ако не сакате да добивате колачиња од нашата веб-страница, тогаш може да го поставите вашиот пребарувач да ве предупреди пред да ги прифатите колачињата и да ги одбие колачињата кога ќе ве извести за нивното присуство. Исто така, колачињата можете да ги одбиете доколку ги исклучите во вашиот пребарувач. Не е задолжително да се вклучени колачињата за да можете да ги користите сите делови на веб-страниците на Canon.
  5. Имате право да пристапувате, коригирате, ажурирате или да ги бришете вашите податоци со отворање на следниот линк во вашиот профил или со испраќање барање на webmaster@canon-europe.com
  6. Вашите лични податоци ќе ги задржиме само во временскиот период што ќе ни биде потребен за да ви ги обезбедиме услугите што сте ги побарале, или во подолг временски период во согласност со законите.
  7. Canon може повремено да ја менува оваа политика за приватност. Овие промени може да влијаат врз начинот на кој ги користиме вашите лични податоци. Ажурираната Политика за приватност ќе биде достапна на веб-страницата на Canon без претходно да бидете известени за тоа.

За повеќе информации за начинот на кој ги користиме корисничките информации, ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност на кориснички податоци.

Политика за приватност на онлајн системот за вработување на Canon

  Горе

8. Заштитен знак

Не смеете да ги прикажувате или користитие на кој било начин заштитните знаци или логата на Канон или на Канон групацијата без претходна писмена согласност издадена од Канон.

  Горе

9. Canon Europa N.V.

Canon Europa N.V.
Bovenkerkerweg 59-61
1185 XB Amstelveen
Холандија
Тел 0031 20 545 8545
Факс 0031 20 545 8222

Матичен број: Рег. бр. на фирмата: 33166721
Број за ДДВ: NL005916343B01

  Горе

10. Важечки закони

Овие Одредби и услови се меродавни и се во согласност со законот во Англија. Споровите настанати во однос на овие Одредби и услови се во ексклузивна надлежност на судовите во Англија.

 

  Горе

11. Авторско право

Авторски права © Canon Europa N.V. и Canon Europe Ltd2002-2005. Сите права се задржани. Строго се забранува копирање, повторно дистрибуирање, објавување или менување на материјалите или софтверот кои се наоѓаат на веб-сајтовите на Канон или се непосредно поддржани, без претходна писмена согласност од Канон.

Верзија 1
Датум на издавање: 23/02/2005 година

 

  Горе

spacer
            image
  • Canon
  • ...
  • Одредби и услови