Компактни дигитални

Canon PowerShot G3 X

Уживајте во флексибилноста на овој хибриден фотоапарат со 25x зум кој е одличен и за фотографирање и за снимање.

Придобивки

  • Перформанси на голем сензор во комбинација со објектив со извонреден зум до 25x

  • Создавање, поврзување и споделување на едноставен начин

  • Напредни функции за видеоснимки наменети за оние кои сакаат да станат режисери

  • Професионалните контроли ви помагаат да ја изразите вашата креативност

  • Фотографирајте како професионалци во секакво опкружување

Детални карактеристики

  • Перформанси на голем сензор во комбинација со објектив со извонреден зум до 25x

    Одлични перформанси при слаба осветленостУживајте во остри и јасни снимки во секоја прилика - дури и при слаба осветленост - благодарение на комбинацијата од CMOS сензорот од тип 1.0 со 20,2 мегапиксели и процесорот DIGIC 6. Врвна оптика од CanonСо оптички зум до 25x и отвор на бленда со 9 сечила, PowerShot G3 X е идеален за снимање прекрасни пејзажи, портрети со прекрасно заматување на заднината и исклучителни детали на голема оддалеченост.

  • Создавање, поврзување и споделување на едноставен начин

    Создавајте интересни приказниСоздавајте забавни и интересни видеоснимки со функцијата за кратки видеозаписи и функцијата за најдобри моменти од приказните кои можете безжично да ги споделувате на социјалните мрежи на едноставен начин.Споделување без напор.Споделувањето на вашите слики и приказни е едноставно. Можете брзо да ги префрлувате сликите и видеоснимките на паметни телефони или таблети преку Wi-Fi и динамички NFC.Далечинско фотографирањеЛесно може да станете дел од групните снимки или да снимате фотографии од дивината, со потполно рачна далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон или таблет.Едноставно правење резервни копии од сликитеНаправете резервна копија од вашите нови драгоцени слики преку безжична врска до секоја услуга на Cloud користејќи ја функцијата за синхронизација на слики и извршете синхронизација со вашиот компјутер или паметен телефон.

  • Напредни функции за видеоснимки наменети за оние кои сакаат да станат режисери

    Јасни видеоснимкиСоздавајте Full HD видеоснимки со потполна рачна контрола со различни стапки на слики (24p, 25p, 30p, 50p, 60p), а напредната динамичка стабилизација на слика по 5 оски ќе ви овозможи да добиете стабилни видеозаписи дури и кога пешачите или трчате.Висококвалитетен звукРазновидните опции за снимање звук овозможуваат користење на микрофон и слушалки за снимање и следење со висококвалитетен стерео звук. Професионални функции Добијте совршен фокус со функцијата за издвојување со MF и користете ознаки на слика за да снимате во популарните формати за видео. Следете ја вашата креативност додека фотографирате преку HDMI излезот за слика во живо.

  • Професионалното ниво на контрола ви помага да ја изразите вашата креативност

    Екран на допир со можност за закосувањеДобијте потполна контрола при користење на големиот екран на допир со можност за закосување и висока резолуција (1.620k точки) со интерфејс во стилот на EOS од Canon. Автоматското фокусирање со допир овозможува прецизен фокус и рамномерно фокусирање при снимање видео.Едноставно прилагодувањеУживајте во многубројни прилагодувања со прилагодливиот прстен на објективот за рамномерна контрола кој овозможува едноставно контролирање, вклучувајќи и прецизно прилагодување на фокусот.Целосна рачна контролаЗголемете ги вашите креативни опции со поддршката за RAW фајлови, вградениот ND филтер и режимот за експозиција BULB, за контролирани рачни експозиции.

  • Фотографирајте како професионалци во секакви услови

    Доловете ги сите случувањаСнимајте динамични движења на едноставен начин со брзиот AF и континуираното фотографирање од 5,0 fps и продолжете да фотографирате во услови на дожд и силна сончева светлина благодарение на куќиштето кое е отпорно на прав и капки вода.Зголемете ја креативностаРазиграјте ја вашата креативност со обемната палета на изборна дополнителна опрема, вклучувајќи електронски визир со висока резолуција и EOS Speedlite блицови.

Спецификации

  • Стапка на Full HD слики од 24p до 60p

  • Осветлен објектив со извонреден зум

  • LCD екран на допир од 8,0 cm (3,2 инчи)

  • Прстен на објективот за прецизна рачна контрола

  • Отпорност на прав и вода

  • Надворешни слушалки

  • Контрола на решетка, бленда и ISO при снимање видео

  • RAW во различни соодноси на слика

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • CMOS сензор со 20,2 мегапиксели

  • Голем сензор за врвни резултати

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot G3 X

  • Капаче за објектив

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Батерија NB-10L

  • Полнач за батерии CB-2LCE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење