Canon во светот

Canon е компанија која постојано се менува на подобро. Со годишна нето продажба од 3,576 милијарди јени и со околу 100,000 вработени во повеќе од 200 компании, Канон се стреми да стане навистина одлична компанија на која и веруваат насекаде во светот. При избирањето на Canon, корисниците на неговите производи добиваат стил, технолошки иновации и квалитет кои им даваат мирен сон.

Canon Inc. / Tokyo

Тие исто така, се уверени дека поддржуваат компанија која ја води животната филозофија Kyosei, што значи да се живее и работи за општо добро. Оваа филозофија гарантира дека Canon презема активности за зачувување на животната средина и заедницата во сите места во кои работи. Canon се наоѓа на ранг листите на организации кои се воспоставени од страна на глобално признати публикации:

  • Неделникот Business Week ја става нашата марка на 35. место меѓу најпознатите глобални марки,
  • Списанието Fortune го става Canon на 30. место на својот список „Сите ѕвезди“ (All Star) за најценети компании во светот за 2005 година и на 5. место во компјутерската индустрија. Овие рангирања се извршени врз основа на анкетирање на 10.000 директори, извршни директори и аналитичари за безбедност во најголемите компаниите ширум светот
  • Списанието Financial Times го става Canon на 25. место, меѓу најценетите компании во светот, а претседателот и главен извршен директор на компанијата Canon Inc., г-динот Фуџиото Митарај (Fujio Mitarai) на 10. место меѓу најценетите светски лидери на компании. Ова рангирање и направено врз основа на повеќе 1.000 одговори од 25 земји.

spacer
					image

За Canon

Филозофија
Canon ширум светот
Canon во Европа
Counterfeit