Зголемување на свеста за спречување на фалсификувањето

Canon е еден од многуте глобални брендови кои имаат штета од нелегалното фалсификување на неговите производи. Станува збор за фалсификати или копии од потрошните материјали и батерии што се пакуваат на сличен начин за да изгледаат како оригинални производи од Canon. Canon има сериозен став кон ваквите криминални активности и соработува со полицијата, царината, организациите за спречување на фалсификувањето и властите во Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA) за да го спречи тргувањето со фалсификувани производи.

Подолу ќе пронајдете информации за опасностите од користењето на фалсификувани производи Canon, начинот на кој можете да ги препознаете и што да направите доколку сметате дека сте купиле таков производ.

Зошто да не користите фалсификувани производи Canon?

Купување на оригинални производи

Како да препознаете фалсификувани производи Canon

Што треба да направите доколку сметате дека сте купиле фалсификуван производ

Што прави Canon за да ги заштити своите потрошувачи

Нашиот успех

Други линкови од интерес

Зошто да не користите фалсификувани производи Canon?

Безбедносни ризици

Фалсификуваните производи Canon не се произведени и тестирани според строгите стандарди за квалитет на оригиналните производи од Canon и можат да предизвикаат повреди кај човекот или оштетувања на производот доколку се користат. Фалсификуваните батерии можат да генерираат премногу топлина, да истечат или да експлодираат при користење, а притоа да предизвикаат сериозни повреди или непоправлива штета на производот.

За повеќе информации во врска со опасностите од фалсификуваните батерии, посетете го веб-сајтот на Асоцијацијата за фотоапарати и производи за обработка на слика (CIPA).

Квалитет

Фалсификуваните картриџи со мастило и тонер Canon можат да протечат, да ја блокираат главата на печатачот или да предизвикаат заматување на боите и неправилни бои. Исто така, ваквите картриџи во повеќето случаи нудат значително помал капацитет за печатење отколку оригиналните производи. Капацитетот за печатење на фалсификуваните картриџи кои ги тестираше Canon се движи од 28% до 69% во споредба со оригиналните случаи.

Влијание на животната средина

Сите оригинални производи од Canon се усогласени со европските закони, како што се директивата WEEE за отстранување на електрична и електронска опрема, директивата RoHS (забрана за користење на одредени опасни супстанци во електричната и електронската опрема) и регулативата REACH. Фалсификуваните производи не се усогласени со овие закони, бидејќи нивните изворни состојки и нивното производство не се познати, па затоа претставуваат поголем ризик за животната средина.

Прочитајте повеќе за еколошките активности на Canon.

Поврзаност со организиран криминал

Производството и продажбата на фалсификувани производи претставува криминален прекршок. Лицата кои се одговорни за производство и продажба на фалсификувани производи најчесто се поврзани со други нелегални активности, вклучувајќи и спонзорирање на криминал како што е продавање на дрога, трговија со луѓе, шверц на оружја, кражба на идентитет, перење пари и тероризам.

  Горе

Купување на оригинални производи

Погледнете ја сè поголемата листа на овластени продавачи на производи од Canon на нашата страница Каде да купам.

  Горе

Како да препознаете фалсификувани производи Canon

• На пакувањето на сите оригинални картриџи за мастило*, ласерски тонери, тонери за копири, батерии за фотоапарати и видео камери од Canon има уникатен холограм од Canon. Холограмот претставува уникатна слика која добива златна боја што се прелева кога се гледа однапред, но ако ја навалите хоризонтално бојата се менува во темна зелена боја што се прелева. Ако холограмот е фалсификат, ваквото менување на бојата не е присутно или, пак, промената е многу мала.

(* можно е европските пластични инк-џет пакувања или проѕирните пакувања на мултикомплетите да немаат уникатен холограм.)

Слика__Холограм

• Лажните холограми најчесто се поставуваат неправилно на лажните пакувања и изгледаат оштетени, заматени, имаат погрешна боја или големина.

• Лого ознаките на Canon кај фалсификуваните Canon пакувања и производи може да бидат заматени и да имаат погрешна боја, фонт на букви или големина.

Слика_canon-лого

• Пакувањето на фалсификуваните производи може да изгледа како да е препакувано, користено претходно или отворено.

• Фалсификуваните производи или пакувања може да имаат грешки во спелувањето.

На пазарот се откриени и фалсификувани производи Speedlite, а овде може да најдете повеќе информации за нив.

За да погледнете слики од оригинални и фалсификувани производи батерии од Canon, посетете го веб-сајтот Асоцијацијата за фотоапарати и производи за обработка на слика (CIPA).

Други показатели за фалсификувани производи

• Цена: внимавајте на продавачи со необично ниски цени.

• Место на продажба: бидете претпазливи кога купувате од веб-сајтови за аукции на интернет. Сите производи кои се продаваат на овие веб-сајтови не се фалсификати, меѓутоа фалсификаторите ги користат ваквите веб-сајтови за брзо, анонимно и глобално продавање.

  Горе

Што треба да направите доколку сметате дека сте купиле фалсификуван производ

Ако се сомневате во оригиналноста на потрошниот материјал или батеријата што сте ја купиле, ве молиме обратете се кај овластен продавач на Canon или контактирајте со нас на ipr.info@canon-europe.com.

За жал, ние не можеме да ги заменуваме или поправаме дефектните фалсификувани производи Canon. Меѓутоа, можете да ви потврдиме дали некој производ е оригинален или не и да ви издадеме пишана потврда доколку производот е фалсификат.

  Горе

Што прави Canon за да ги заштити своите потрошувачи

Заштита

Името и логото на Canon се официјално регистрирани како заштитни знаци, а царинските канцеларии во повеќе од 30 земји во регионот EMEA овозможуваат формално набљудување и конфискување на можни фалсификувани производи, штом влезат во земјата.

Технологии

Canon спроведе безбедносни мерки кои ќе им помогнат на потрошувачите да ги препознаат оригиналните производи.

Соработка

Canon соработува со национални и интернационални власти и организации, како што е полицијата, царината и стандардите за тргување, за да им помогне да ги препознаат фалсификуваните производи Canon и да ги отстранат од пазарот.

Промовирање на ефективни закони

Canon се труди да ја подигне свеста за нелегалното тргување со фалсификати на официјално ниво и да учествува во јавни дебати за промовирање на интелектуалната сопственост.

Canon е активен член во голем број организации како што е Групата за спречување на фалсификувањето, ICCE, REACT и програмата VeRO на eBay.

Образование

Canon нуди обука и образовни семинари за полицијата, царината и властите за да им помогне во препознавањето на фалсификуваните производи Canon. Исто така, Canon создаде и дистрибуираше практичен уред за прегледување кој им олеснува на властите да ги откријат фалсификуваните производи.

Слика_Практичен_уред_за_прегледување

  Горе

Нашиот успех

Canon има конфискувано фалсификувани производи во многу земји во регионот EMEA, со помош на властите.

Згора на тоа, од 2010 година, Canon има спроведено преку 200 истраги и 660 запленувања на царина, запленувајќи приближно 550.000 лажни производи.

  Горе

Други линкови од интерес

Подолу има листа на корисни линкови за повеќе информации за спречување на фалсификувањето:

React – европска мрежа за спречување на фалсификувањето
Деловни акции за спречување на фалсификувањето и пиратеријата
Група за спречување на фалсификувањето
Канцеларија за интелектуална сопственост
Коалиција за потрошни материјали за обработка на слики (Imaging Consumables Coalition) во Европа, Средниот Исток и Африка

  Горе

spacer
					image

За Канон

Филозофија
Canon ширум светот
Canon во Европа
Counterfeit