Водич за употреба на логото на Canon

Совет за овластените партнери на Canon и независните препродавачи

Canon прави големи напори за заштита на своите заштитни знаци и заштитни имиња. Поради тоа, Canon подготви упатства за тоа што смеат и што не смеат да прават овластените партнери и независните препродавачи во однос на користењето на лого ознаките и заштитните имиња на “Canon” во нивните веб страници и сметки за социјални медиуми.


ДОЗВОЛЕНО

  • Промовирајте се себеси и името на вашата компанија.
  • Наведете дека вашите ставови се само ваши и не ги отсликуваат ставовите на Canon[1].
  • На веб страниците, логото на Canon може да се користи доколку го поставите покрај опис или слика на некој производ од Canon кој го продавате, во процес на легитимно деловно работење, за да посочите од каде потекнува.


НЕДОЗВОЛЕНО

  •  Не смеете да го користите името “Canon” или заштитните знаци на Canon како дел од вашиот домен или дел од името на вашата сметка за социјални медиуми.
  •  Не смеете да го користите логото “Canon” или кој било друг дел од логото како дел од иконата, сликата или фотографијата на вашата сметка.
  •  Не смеете да го кратите, менувате или комбинирате логото “Canon” со друг збор или слика. 
  •  Не смеете да купите име на домен или да направите сметка за социјални медиуми кои ќе го содржат зборот “Canon”, бидејќи неговото користење ги прекршува правата на Canon[2].
  •  Не смеете да се претставувате лажно или да сугерирате дека сте дел од Canon преку вашиот избор на слики, имиња и текст.
  •  Не смеете да објавувате содржини кои се незаконски, навредливи или се сметаат за вознемирувачки кон Canon или кои било други трети страни.


Ви препорачуваме да побарате независен формален совет доколку имате прашања за начинот на кој можете да ги примените овие упатства на вашите веб страници или сметка(и) за социјални медиуми.


Ако ви се потребни дополнителни информации за употребата на логото и заштитните знаци на Canon контактирајте нè на corporate.communications@canon-europe.com за целосен PDF/документ.



¹ Не заборавајте дека Вие самите сте законски одговорни за содржините што ги објавувате на интернет. Почитувајте ги авторските права, користењето на фер начин, приватноста, откривањето на финанските податоци и други применети закони.

² Компанијата Canon ќе побара сите имиња на домени, кои се во сопственост на трети страни и кои содржат заштитни имиња на Canon, да ѝ се префрлат на неа, и компанијата Canon ќе соработува со операторите на социјалните медиуми за елиминирање на сметките кои ги прекршуваат правата на Canon.