Нашиот став за даноците

Вовед

Оваа стратегија се однесува на Canon Europa NV и на сите британски ентитети во групацијата. Референците кон „Canon Europa“ се однесуваат на сите британски компании и постојани деловни единици во рамките на групацијата Canon Europa NV.

Canon Europa е дел од меѓународната групација Canon Inc чиешто седиште се наоѓа во Јапонија.

Canon Europa се води по истите принципи како и Canon Inc и го следи Кодексот на однесување на групацијата.

Кодекс на однесување и принципи на групацијата Canon

Компанијата Canon го прифати како дел од својата деловна филозофија концептот „kyosei“ којшто може да се преведе како „заедничко живеење и работење за општо добро“, и нејзината основна политика на управување има за цел да придонесе кон просперитетот и благосостојбата на светот, притоа вложувајќи напор да стане вистинска глобална групација на компании којашто се одликува со извонредност и остварува постојан деловен раст и развој.

Canon, како меѓународна корпорација со деловни операции низ целиот свет, верува дека уредното плаќање на даноците во земјите и регионите каде што делува е една од основните и најважни општествени одговорности.

Според тоа, Canon се придржува кон следните принципи во однос на даночните прашања.

  1. Плаќање на даноци во согласност со законите и прописите кои се однесуваат на даноците
  2. Сигурно спроведување на даночното сметководство и другите сродни постапки, во согласност со законот
  3. Развој на системи за управување во однос на даноците и работење со цел подигнување на свеста за усогласеност на даноците
  4. Придржување до општите меѓународни правила за меѓународно даночење (насоки утврдени од Организацијата за економска соработка и развој и Обединетите нации) и соодветност на делувањата со законите за даноци во секоја земја

Управување со ризици и начини на управување

Даночната функција за Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA), под чија надлежност се британските даноци е со седиште во Велика Британија и во Холандија. Даночната функција EMEA ја предводи Директорот за даноци на EMEA кој го известува Главниот финансиски директор за EMEA на Canon. Оваа стратегија за даноци е одобрена и во сопственост на Бордот на Canon Europa NV.

Даночната функција EMEA има за цел да обезбеди усогласеност со целокупното даночно законодавство во сите региони во кои делува, а исто така е одговорна и за овозможување насоки и поддршка за технички прашања. Ова особено се однесува на прекуграничните прашања, деловните модели и реструктуирањето на правните лица каде што е утврдена можната појава на даночни ризици. Ние активно се стремиме да ги идентификуваме, проценуваме, надгледуваме и да управуваме со овие ризици за да се осигураме дека тие се во склад со нашите цели. Онаму каде што постои нејасност или пак значителна сложеност, се бара совет од соодветен надворешен извор. На овој начин, даночната функција EMEA води сметка за правилното управување со сите даночни прашања во рамките на Велика Британија и низ поширокиот регион. Таа исто така води сметка сите даночни прашања соодветно да се третираат заради даночното сметководство и да се обезбеди целосен извештај кон надворешните ревизори.

Став кон планирањето на даноците и ниво на ризик

Canon Europa управува со своите даночни работи со цел здобивање сигурност и избегнување на какви било изненадувања. Ние не вршиме трансакции без јасна основна комерцијална цел. Ние не користиме вештачки структури, ниту пак го префрламе профитот во законодавство со ниски даноци.

При структуирањето на нашите комерцијални активности, данокот ќе биде земен предвид со цел да се обезбеди што поголема усогласеност и сигурност. Во рамки на Велика Британија, можеме да ги искористиме достапните даночни олеснувања за да ги минимизираме даночните трошоци на нашите деловни активности. Тие ќе бидат применети на начин којшто е пропишан од страна на HM Revenue and Customs (Британската служба за приходи и царина), а доколку е потребно ќе биде побаран и совет од надворешен извор.

Онаму каде што правните лица на Canon Europa комуницираат едни со други и со други правни лица на Canon, настојуваме трансакциите да се спроведуваат објективно. Доколку трансакциите се прекугранични, тогаш ќе настојуваме да го намалиме ризикот од двојно оданочување во согласност со достапните олеснителни околности понудени во рамките на мрежата на даночни договори.

Даночната функција EMEA одржува високо ниво на едукација и свесност за даноците и ги следи најновите случувања како што се OECD/G20 дејствијата за ерозија на основицата и преместување на профитот, коишто имаат за цел да обезбедат дека профитите се оданочуваат онаму каде што се изведуваат економските активности кои ги генерираат профитите и онаму каде што се создава вредноста.

Однос со HM Revenue and Customs и другите власти

Canon Europa има отворен, искрен и конструктивен однос со HM Revenue and Customs. Ние работиме на одржување на низок ризик во нашиот однос со влегување во дијалог со соодветниот даночен персонал кога настануваат проблеми во реално време или онаму каде што има потреба од појаснување на сложеното толкување на законот. Ние посетуваме состаноци со HM Revenue and Customs за да овозможиме ажурирања за деловното работење кон британските правни лица и пошироката групација EMEA.

Canon Europa има за цел да изработи целосни, точни и навремени обелоденувања во даночните пријави за сите британски даноци. Доколку се појават ненамерни грешки, тие ќе бидат коригирани во најкраток можен рок по нивното откривање.

Освен одржувањето на добар однос со HM Revenue and Customs, Canon Europa исто така се вклучува, преку претставничките тела, заедно со владите и организациите во предложувањето на промени во меѓународните стандарди, онаму каде што е тоа можно.

Горенаведената стратегија за даноци е наменета да биде во согласност со Распоред 19, став 19 од Финансискиот акт од 2016 година. Референците на „данок“ за британските цели се оние коишто се содржат во Распоред 19, став 15 од Финансискиот акт од 2016 година.

Оваа стратегија за даноци е одобрена и во сопственост на Бордот на Canon Europa NV.

Оваа стратегија важи од датумот на објавување сè додека не се замени со друга.