Партнери и алијанси

Canon има водечка улога во решенијата за печатење и за документи што се користат на работни места низ цела Европа. Нашите иновативни производи се меѓу првите во оптичката технологија и технологијата за обработка на слика, а се збогатени и со експертизата на нашите подеднакво важни стратешки партнери, во кои спаѓаат Hewlett Packard и Microsoft.

И кон нашите корисници имаме пристап како кон „деловни партнери“: нашата комуникација е на многу повисоко ниво од обичните продажби или инсталирањето уреди. Соработуваме со нашите клиенти и во канцелариите и во секторите за професионално печатење за да можеме прецизно да ги одредиме нивните потреби и да им обезбедиме решение според нивните потреби. Освен квалитетни производи, нудиме и консултантски услуги, интелигентни софтверски решенија, обука и поддршка, односно комплетен пакет услуги што може да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и да ги намали трошоците.

Нашите клиенти што се занимаваат со професионално печатење ги користат придобивките од нашата соработка со организации како NexPress и Gretag Macbeth која ни овозможува да понудиме портфолио на производи што го опфаќаат целосниот процес на печатење. Напредното управување со бои, работниот процес на печатење и решенијата за печатење различни податоци што ги нудиме им помогнаа на многу наши клиенти да се истакнат во пазарот со сè поголема конкуренција.

spacer
					image
Програма за партнери