Награди - награди за одржливост

Компанијата Canon освојува награди за одржливост од индустријата, независни организации, невладини организации и други тела на глобално, европско, EMEA и национално ниво. Таа се одликува со следните рејтинзи:

  • Ние сме на 26-то место во најдобрите глобални еколошки брендови за 2014 година според Interbrand, а бевме на 30-то место во 2013 година
  • Според Институтот за реноме, ние сме на 6-то место во неговата листа за Најреномирани компании во светот (2013 година), а бевме на 8-мо место во 2012 година
  • Ние сме на 125-то место во еколошките позиции за 2014 година според Newsweek, а бевме на 132-ро место во 2012 година
  • Освоивме 4-то место во студијата спроведена од ClimateCounts и Центарот за одржливи организации во 2013 година, со која се анализираа емисиите при работа на 100 светски корпорации во периодот од 2005-2012 година
  • Компанијата Canon во Норвешка беше номинирана како едно од 10-те најдобри места за работа во 2013 година од страна на институтот Great Place to Work®
  • Компаниите Canon Шпанија и Canon Холандија ги освоија наградите за најдобар работодавач за 2013 година
  • Компанијата Canon во Средниот Исток беше прогласена за ‘Компанија со најдобри еколошки практики во арапскиот свет’ од страна на арапската организација за општествена одговорност, единствена компанија од приватниот сектор од групата на 30 добитници на награди
  • Компанијата Canon во Шпанија беше прогласена за најдобра компанија во еколошкиот сектор за 2014 година од страна на списанието Ejecutivos
  • Компанијата Canon редовно добива награди за “Исклучително достигнување” за енергетската ефикасност на нејзините производи од Buyers Laboratory LLC
  • Компанијата Canon беше изгласана како бренд за фотоапарати на кој најмногу му се верува во Европа преку Reader’s Digest, со што се заокружува 13-та последователна година како Canon ја освојува оваа награда

spacer
					image
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост
Canon Europe sustainability report